15:02 - 29 ноември, 2026

Видела како странец и става нешто во пијалокот: Ги заменила чашите и доживеала морничава сцена

Британката Лили Поулс од Гримсби излегла во познат ноќен клуб со пријателките, а веруваме дека тоа што и се случило никогаш нема да може да го заборави, јавува Дајли Мејл.

Младата девојка одлично се забавувала се додека во еден момент не забележала дека еден непознат маж се врти околу нејзината маса, а потоа се посомневала дека и ставил нешто во појалокот.

Бидејќи била многу внимателна, веднаш реагирала. Кога тој заминал во тоалет, ја искористила приликата да ги замени чашите.

– Истиот лик два пати ми нарача пијалок, па кога се врати да ми донесе нов го видов дека нешто ставаше во чашата. Кога замина во тоалет ги заменив пијалоците, а подоцна го видов онесвестен на влажниот тротоар. Ти благодарам што го испи тоа наместо мене, кој и да си, откри Поулс во објавата на Твитер.

Таа со раскажувањето на оваа приказна сака да ја подигне свеста кај жените да обрнат повеќе внимание на своите пијалоци, доколку им ги нудат непознати мажи во ноќните клубови.

??

Publiée par Lily Powles sur Samedi 3 septembre 2016

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.
Се вчитува....