23.8 C
Скопје
16:11 - 19 октомври, 2026

Се будите одморени или уморни? Различните видови на аларми можат да влијаат на будењето

Музиката на алармот може да влијае на тоа колку лесно се будите. Поострите тонови може да влијаат да се чувствувате поуморно кога ќе се разбудите, сметаат австралиските истражувачи.

Од друга страна, според нивните истражувања, мелодијата на алармот која ќе ја одберете може да ви помогне да се разбудите одморени.

Ова истражување би можело да биде потенцијал да им помогне на луѓето во многу професии, како што се итни служби. Тоа исто така би можело да им помогне на просечните личности кои мораат брзо да се разбудат и да бидат внимателни веднаш после будењето, да речеме како што е тоа случај со ноќните чувари.

Некои луѓе едноставно не можат да се разбудат кога ќе го слушнат алармот. Според оваа група австралиски истражувачи, утринските мачнини исто така можат да бидат поврзани со видот на аларми кои ги користите.

Во списанието „PLoS One“ е објавена студија во која се вклучени 50 луѓе. Секоја личност добила прашалник кој анонимно можел да се потполни во својот дом.

Испитаниците добиле прашања во врска со звукот кој би сакале да ги разбуди, како се чувствувале поради тој звук и колку се чувствувале одморено после будењето.

Водечкиот автор на студијата, Стјуарт Мекфарлејн, докторски истражувач на Универзитетот РМИТ, рекол дека неговиот тим открил дека звуците на алармите за кои се смета дека се „мелодични“, се поврзани со луѓето кои се чувствувале поодморено после будењето.

Мекфарлејн смета дека е можно растот и падот на нотите од алармот да помогнат на насочувањето на вниманието на нашиот мозок. Додека, од друга страна, монотониот аларм како што е на пример, „бип-бип“, може да предизвика анксиозност и збунетост после будењето.

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо
Се вчитува....