9.8 C
Скопје
10:04 - 21 април, 2026

(Видео) Супермодел: погледнете го новиот спот на Манескин кој е веќе на врвот; Сите се прашуваат: што има во црвената торба?

Бендот официјално ја претставува песната што ја отсвирија за прв пат на Евровизија. 

Илјадници обожаватели од целиот свет: има дури и такви, од Тајланд, на другиот крај на светот, кои останаа будни за да ја проследат премиерата на новиот спот на Манескин, Супермодел.

Видеото претставува портрет на супермодел од 90-тите: убава, невозможна и декадентна, присутна на џет-сет забавите. Главната хероина на песната (во видеото ја глуми манекенката Нина Маркер) е поранешна христијанка која сега за исповедник избра „драг кралица“ наречена Дева Марија.

Девојката е симбол на пропаст и љубовно страдање, „чудовиште“, мисли само на себе, „никогаш нема да те сака повеќе од пари и цигари“, се вели во дел од текстот.

Во видеото, манекенката, со мала црвена чанта, светло син фустан и беж чевли Шанел, ја бркаат членовите на бендот, кои исто така ја бараат во клуб полн со луѓе со маски, во атмосфера која потсетува на филмот „Очи ширум затворени“, со Никол Кидман и Том Круз.

А токму црвената чанта станува мистериозен елемент на клипот. Толку многу што на Твитер фановите веќе се „фрлаат„ во хипотези: што има во црвената ташна?

Видеото е снимено во Лондон и режирано од дуото Бедрум Проџектс и Бен Чапел а во него членовите на бендот се облечени во тотален изглед од Гучи.

Комбинирајќи ги класичните кино елементи од Тарантино и Хичкок, бендот совршено го доловува жестокото расположение на песната и разиграниот текст, додека се одвиваат низа фрапантни настани.

„Во видео клипот за Супермодел сакавме да им оддадеме почит на нашите омилени филмови од 90-тите. Во песната се обидовме да доловиме филмска атмосфера за енигматичен лик и сакавме видеото да го одразува токму тој стил. Откако дојдовме до идејата, тесно соработувавме со режисерите и Бен за да одбереме кадри и секвенци од нашите омилени филмови од тие години. Многу се забавувавме со снимањето во Лондон, со смешни сцени кои не потсетија на криминален Б-филм“ – велат од бендот.

Слични објави

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Јелена Розга направија шоу во Белград, целиот Балкан зборува за нивниот настап во „Сава центар“

Еспресо

(Фото) Урбана и секси: Дани Димитровска со нов имиџ

Еспресо

Хороскоп за 21 април: Овните ќе имаат лоша деловна проценка, Лавовите ќе се изразат креативно

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ позираше без шминка и босонога и покажа каков педикир избира оваа пролет

Еспресо

(Видео) Маја Шупут за првпат проговори за загубата на својот татко: „Две години по неговата смрт не можев да одам на гробишта“

Еспресо

„Девојка ми ја раскрвави главата“: Бресквица доживеала непријатна ситуација на настап

Еспресо
Се вчитува....