9.8 C
Скопје
10:48 - 19 април, 2024

Промовиран проектот “Popova Shapka – Mountain Heaven – Relax & Enjoy”

Преку онлајн платформа, промовиран и претставен е проектот “POPOVA SHAPKA – MOUNTAIN HEAVEN – RELAX & ENJOY”. Проектот е реализиран од страна на Здружение Планинарски клуб Шара Ски – Тетово со поддршка од  GIZ North Macedonia.

Станува збор за проект кој се реализираше на Попова Шапка во изминативе три месеци.

Со проектот се изгради детски Active Кids Аdventure Park на Попова Шапка со атрактивни содржини за најмладите (лизгалка, љуљашка, клацкалка, вратила) меѓу кои најмногу внимание привлекува детскиот тандем Зип лајн. Еден дел од паркот е прилагоден за деца со посебни потреби. Детскиот парк е поставен во дворот на манастирскиот комплекс на Попова Шапка, влезот е бесплатен за сите посетители. Заради дополнителна безбедност на децата набавена е заштитна опрема (кациги со различна големина).Во склоп на Паркот опремени и функционални се два тоалети кои се наменети исклучиво за Кидс адвенчар паркот.

Исто така, се изгради и место за одмор на пешачко-велосипедската патека „Јелак. Овој простор за одмор e комплетно нова содржина за посетителите на Попова Шапка. Се состои од 4 маси и осум клупи, канти за отпадоци. Исто така, поставена е и инфо – табла со дополнителни информации за можностите и активностите во близина на патеката „Јелак“.Таа е поставена на 6от км на патеката која е во вкупна должина од 12км (во двете насоки), во непосредна близина на прекрасниот видиковец од кој се гледа „ Јелачки црн врв“. Ова место за одмор на една од најатрактивните патеки што овозможува поминување време во природа и на отворено е од особено значење во новите променети услови и протоколите за безбедност од Ковид 19.

Заради подобрување на атракциско мотивациските фактори преку збогатување на туристичката понуда, но и промоција на истата, а со цел да се зголеми приливот на туристи врз основа на пристигнувања, како и развојот на туризмот на Попова Шапка, создадовме обединувачка веб-платформа со информации за сите случувања на Попова Шапка, со наслов „Popova Shapka – All seasons Adventure”  Идејата е на едно место да се понудат информации за сите досегашни и идни туристички настани, случувања, понуда на туристички производи, туристичка понуда и слично на Попова Шапка од сите засегнати стреани. Исто така, на веб – страницата има форум кој ќе биде модериран секојдневно. Веб – платформата е тројазична, на македонски, на албански и на англиски јазик. www.popovashapka.mk

За новите  содржини кои ја збогатуваат туристичката понуда подготвено е и промотивно видео 

На онлајн промоцијата присустуваа  голем број засегнати страни, планинарски, велосипедски, ски и параглајдинг друштва, претставници од ГИЗ и од институциите, директорот од АППТРМ и медиуми.

Проектот беше дочекан со големо воодушевување, како единствен од ваков вид дога. „Овој Проект е навистина нешто што толку одамна беше потребно да се случи на Попова Шапка. Не само туристичките содржини, особено обединувачката платформа е полн погодок и истата би сакал и ние да ја вклучиме во официјалната промотивна стратегија за овој дел од Македонија на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Вакви платформи потребно е да се создадат секаде каде што е можно, особено сега во време на Ковид.“ истакна директорот на АППТРМ Љупчо Јаневски.

„Оваа обединувачка платформа а е почеток на промотивна стратегија која ќе биде интегрирана и во која ќе се вклучат сите засегнати страни на оваа подзаборавена убавица. Преку форумот, платформата ќе овозможи интерактивност. Ова е првата фаза. Во следните фази би сакале да можеме оваа платформа да ја надградиме сомобилна апликација, како и систем на резервации“ – изтакнаа од Здружение Планинарски клуб Шара Ски – Тетово на онлајн промоцијата на Проектот.

Новиот вид коронавирус (Ковид-19) направи голема разлика во глобалниот туризам. Во т.н нов период овој вид туризам сè повеќе ја губи својата популарност, додека интересот за алтернативните форми на туризам расте. Овој проект е сериозен придонес кон овој вид туризам на Попова Шапка.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....