Џен Аткинс е новата Мис Велика Британија. Синооката 26-годишна девојка стана најубавата жена во Обединетото Кралство откако изгуби неверојатни 50 килограми.
„Не можам да верувам. Доколку некој ми го кажеше ова пред три години, би помислила дека е луд“, вели Аткинс која пред неколку години, како што вели, живеела на храна од достава.
Откако цврсто одлучила да го промени својот начин на живот и нездравата храна да ја замени со здрава, килограмите започнале да се топат.
Џен била редовна и во теретана, а дека од жена со вишок килограми може да стане мисица, и станало јасно пред две години кога победила на локалниот избор за убавина. Таа одлучила да тренира уште повеќе и за две години го остварила сонот на многу девојки.
„Ништо не е невозможно доколку имате волја и труд“, им порача Џен на сите.