3.8 C
Скопје
00:25 - 21 декември, 2024

Ова е моментално најпопуларното видео на интернет: Еве зошто! (ВИДЕО)

„Само биди дама!“ Колку пати сте ја слушнале оваа реченица?

„Биди дама велат. Здолништето ти е прекратко. Деколтето ти е предлабоко. Пантолоните ти се претесни. Не покажувај толку кожа. Не ги покажувај бедрата. Не ги покажувај градите. Не го покажувај стомакот. Не го покажувај деколтето. Не јља покажувај долната облека. Не ги откривај рамената. Покриј се. Остави малку за имагинацијата. Облечи се скромно. Не предизвикувај.
Мажите не можат да се контролираат. Мажите имаат потреби.

Изгледаш непривлечно. Опушти се. Покажи малку кожа. Изгледај секси. Изгледај атрактивно. Не биди толку провокативна. Сама бараш невоља. Носи црно. Носи потпетици. Премногу си дотерана. Не си се дотерала. Не носи хеланки, изгледаш како да си се запуштила.

Биди дама, велат. Не биди премногу дебела. Не биди премногу слаба. Не биди преголема. Јади. Ослаби. Престани да јадеш толку. Не јади пребрзо. Нарачај салата. Не јади јаглени хидрати. Прескокни го десертот. Мораш да ослабеш. Да влезеш во тој фустан.

Биди на диета. Внимавај што јадеш. Јади целер. Џвакај мастика. Пиј многу вода. Мора да влезеш во тие фармерки. Боже, изгледаш како костур. Зошто едноставно не јадеш? Делуваш слабо. Изгледаш болно. Изеди хамбургер. Мажите сакаат жени со месо на коските. Биди малечка. Биди лесна. Биди женствена. Биди големина „нула“. Биди дупла нула. Биди ништо. Биди помалку од ништо.

Биди дама, велат. Отстрани ги влакната од телото. Избричи ги нозете. Избричи ги пазувите. Избричи ги препоните. Депилирај го лицето. Депилирај ги рацете. Искуби ги веѓите. Ослободи се од обетките. Избели го ова. Избели го она. Осветли ја кожата. Покриј ги лузините. Покриј ги стриите. Зголеми ги усните. Ботоксирај ги брчките. Затегни го лицето. Стисни го стомакот. Подигни ги градите. Изгледај природно. Биди своја. Премногу се трудиш. Изгледаш претерано нападно. Мажите не сакаат девојки кои премногу се трудат.

Биди дама, велат. Носи шминка. Стави пудра. Сокри го руменилото. Истакни ги јаболчниците. Нашминкај ги очите. Израмни ги трепките. Пополни ги веѓите. Продолжи ги трепките. Обој ги усните. Пудра, руменило, бронзер, хајлајтер. Косата ти е прекратка. Косата ти е предолга. Врвовите ти се испукани. Извлечи прамени. Исфарбај ја. Не во сино, тоа изгледа неприродно. Изгледај младо. Старото е грдо. Мажите не сакаат грдо.

Биди дама, велат. Чувај се. Биди чиста.Биди девица. Не зборувај за секс. Не флертувај. Не спиј наоколу. Сочувај го достоинството. Не спиј со премногу мажи. Не се продавај. Мажите не сакаат такви. Не биди внимателна. Не биди толку тесноградна. Смеј се повеќе. Угоди им на луѓето. Биди искусна. Биди сексипилна. Биди невина. Биди валкана. Види кул девојка. Не биди како останатите девојки. Биди дама, велат. Не зборувај прегласно, Не зборувај премногу. Не плаши се. Зошто си толку лоша? Не биди кучка. Немој толку да наредуваш. Не биди толу емотивна. Не плачи. Не викај. Не пцуј. Издржи болка. Не жали се. Здипли му ја облеката. Направи му вечера. Направи го среќен. Тоа е женска работа. Ќе бидеш добра жена еден ден.

Земи го неговото презиме. Ги зеде двете? Луда феминистко. Подари му деца. Не сакаш деца? Ќе сакаш еден ден. Ќе се предомислиш. Биди дама, велат. Не дозволувај да те силуваат. Не пиј премногу. Не излегувај доцна. Немој да се напиеш. Немој да им се насмевнеш на непознати. Не излегувај ноќе. Не верувај му на никој. Немој да кажеш ДА. Немој да кажеш НЕ. Само биди дама, велат.“

Текстот го напиша Камила Реинвил, а го рецитира американската актерка Синтија Никсон, најпозната по улогата на Миранда во серијата Сексот и градот.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....