30.4 C
Скопје
14:02 - 19 јуни, 2026

Необични моменти во кои главната улога ја има Ким Џонг Ун: Севернокорејскиот водач во фабрика за лубриканти! (ФОТО)

Пропагандната машина на властите на Северна Кореја постојано е во погон, па поради тоа се мисли дека на тамошните жители никогаш не им е здодевно. Тоа секако важи и за нивниот врховен водач Ким Џонг Ун (36), кој често се фотографира или се снима во различни прилики, без оглед дали посетува фабрика или присуствува на изведба на песна во негова чест. Погледнете ги следниве необични моменти во кои главната улога ја има Ким Џонг Ун.

Ким Џонг Ун ужива во хорски настап

На снимката може да се види Ким, како седи зад катедрата во некоја мала просторија, додека на другата страна се членките на воениот хор. Тие пеат со драматична кореографија и придружба на инструменти. Врховниот водач на прв поглед е збунет, но на крајот ги поздравува со аплауз. Наводно станува збор за сцена од документарец снимен 2019 година, кој трае два и пол часа и ги следи неговите подвизи.

Ким во фабриката за лубриканти

Севернокорејскиот лидер во 2014 годиба, ја посетил фабриката за лубриканти, каде што со возбуда испробувал една од машините. Работникот кој стоел покрај него, пак, не бил многу импресиониран. Ким им се заблагодарил на овие вредни работници во фабриката за производството на лубрикантите, кои порано нивната земја морала да ги увезува.

Profimedia

Отвори тефтерче и забележи

На пропагандните слики од Северна Кореја неретко може да се забележи како припадниците на придружбата на Ким носат тефтерчиња во кои постојано нешто забележуваат.

Таква глетка се забележува на сликата на која се прикажува лидерот во посета на еден бутик пред свеченото отворање во април 2019 година, а слична сцена е видена и во фабриката за детска храна.

Profimedia

Во училиштата децата учат дека Ким на само три години возел кола

Според планот за настава воведен во 2015 година, во основните училишта на Северна Кореја, врховниот водач е претставен дека уште како мало дете возел кола, додека како деветгодишен се тркал со сопственикот на компанија за изградба на јахти од странство, кој бил во посета на Северна Кореја.

Profimedia

Денис Родман му е добар пријател на Ким

Не е новина дека НБА кошаркарот Родман и Ким се пријатели. Кошаркарот во пензија веќе неколкупати ја посетил Јужна Кореја, а посебниот момент се случил 2014 година, кога Родман му посакал среќен роденден на Ким Џонг Ун, пеејќи му роденденска песна.

Profimedia

Слични објави

(Фото) Најоригинални даски за сецкање и сервирање – погледнете ја уникатната понуда на Wood Room

Еспресо

(Фото) Мебел што не излегува од мода – изберете квалитет од масивно дрво со Wood Room“

Еспресо

Затнат одвод? Наместо сода бикарбона и оцет, пробајте ја оваа природна комбинација

Т.Ц.

Villa Diva е новата омилена локација за свадби и евенти – резервирајте си термин навреме

Еспресо

Финска организира лов на богатство — наградата е златна шипка вредна 20.000 евра

Еспресо

Уникатните декорации на „Magic moments“ ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....