06:03 - 28 ноември, 2026

Кажете ѝ збогум на избледената гардероба: Сите го имаме овој зачин дома, а малкумина го знаат овој трик

Црниот бибер делува така што ги отстранува остатоците од детергентот од ткаенината.

Гардеробата веќе нема да ви избледува во машината за перење ако овој трик стане ваша рутина.

Секоја домаќинка во кујната има бибер. Но дали знаевте дека со помош на само една лажичка бибер вашата облека веќе нема да станува сè побледа со секое перење?

Додека темната и шарената облека во текот на перењето го губи сјајот, белата облека добива жолтеникава или сивкаста боја, а токму тоа го спречува биберот.

Како функционира биберот во машината за перење?

На прашокот, без разлика дали е во прав или течен, додајте му една лажица мелен бибер. Но биберот мора да влезе директно во отворот со облеката, а не во делот каде што се става прашокот. Притоа внимавајте да го перете на најмалата можна температура.

Црниот бибер делува така што ги отстранува остатоците од детергентот од ткаенината. Токму тие остатоци се причина зошто боите избледуваат со тек на време и зошто облеката ја менува бојата.

Слични објави

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.

Не ги чувајте компирите на ова место — грешка што многумина ја прават во зима, а поради која побрзо се расипуваат

К.С.
Се вчитува....