11:00 - 31 март, 2026

Имате проблем со митесери? Потребни ви се само две состојки и вашиот проблем е решен!

Ако некогаш сте се обиделе да ги извадите митесерите и тоа не ви успеало и притоа сте ја уништиле кожата, не грижете се – направете ја оваа природна маска за лице од само две состојки и ќе го решите проблемот веднаш.

Состојки:

– 1-2 лажици млеко

– 1 лажица желатин во прав

Постапка:

1. Во сад ставете го желатинот во прав

2. Додадете го загреаното млеко, промешајте, а ако смесата е премногу густа додадете уште малку млеко.

3. Кога ќе добиете густа леплива смеса, што побрзо нанесете ја на лицето во средно дебел слој, но не блиску до очите.

4. Почекајте маската да се исуши целосно, односно да започне да ја затега кожата.

5. Маската фатете ја од долниот раб кај брадата и повлечете ја цела се додека целосно не ја одлепите од лицето.

6. Внимателно отстранете ја од целото лице, измијте се и нанесете хидратантна крема.

Совет плус: Маската може да ја нанесувате само на деловите каде што митесерите се присутни.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....