07:52 - 9 ноември, 2026

Голи нозе, мини-фустан, впечатлива боја… Брижит Макрон во комбинација која малку жени би се осмелиле да ја носат (ФОТО)

Првата дама на Франција, Брижит Макрон, на почетокот на овој месец во Елисејската палата беше домаќинка на сопругата на аргентинскиот претседател Фабиол Јанез.

Profimedia

Избраничката на Емануел Макрон за оваа прилика одбра повеќе од интересна модна комбинација, со која успеа да разбие неколку табуа.

Првото изненадување кое првата дама на Франција им го приреди на обожавателите на нејзиниот стил е тоа што одбра фустан и капут во идентична боја, а следното е нијансата што ја избрала.

Profimedia

Се работи за ефектната виолетова боја, која остава силен впечаток, а овој несекојдневен комплет е со потпис на „Луј Витон“, една од модните куќи чии модели Брижит Макрон претпочита да ги носи.

Другото изненадување е одлуката на Брижит Макрон, која и покрај тоа што е февруари, решила да не облече хулахопки.

Голи нозе, мини-фустан, впечатлива боја… Сето тоа е нешто што многу жени не би се осмелиле или не би знаеле да го носат, но се работи за секогаш храбрата и самоуверена Брижит Макрон.

Profimedia

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....