15:59 - 1 април, 2026

Еднојајчени близначки, мажени за еднојајчени близнаци, заедно очекуваат бебиња

Двата брачни пара направиле заедничка свадба и сега живеат заедно во иста куќа…

Еднојајчените близначки Британи и Бриана Салиерс (33), кои се омажија за еднојајчените близнаци Џош и Џереми, најавија дека заедно очекуваат бебиња. Сепак, нивните бебиња нема да бидат само во крвно сродство, туку генетски тие ќе бидат браќа или сестри, пишува „Сан“.

Фото: Инстаграм

Го изговориле судбоносното „да“ заедно

Фото: Инстаграм

Овие брачни парови и станаа интересни на светската јавност бидејќи, две еднојајчени близначки, во ист ден направиле свадба со двајца еднојајчени близнаци. Тие четворицата се запознале на еден фестивал пред околу три години, а двајцата браќа, ги запросиле двете сестри само шест месеци подоцна.

Фото: Инстаграм

Веднаш после нивната заедничка венчавка, двата брачни пара почнале да живеат заедно во иста куќа, а сега за да биде ситуацијата уште понеобична, и Британи и Бриана се бремени.

Фото: Инстаграм

Радосната вест ја споделија на социјалните мрежи

Идните родители веднаш откако дознале за убавите вести, својата радост ја споделиле на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

-Знаете ли што? Двата пара очекуваме бебиња. Одушевени сме и благодарни на тоа што се случи и двете да затрудниме истовремено. Затоа, оваа среќна вест сакавме да ја поделиме со сите вас. Наште деца нема да бидат само во крвно сродство, туку според генетиката тие ќе бидат браќа или сестри – напишаа тие на нивниот заеднички профил на Инстаграм.

Фото: Инстаграм

Близначките со своите следбеници споделија и дека тие потајно посакувале сето ова да се случи.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....