13.8 C
Скопје
20:55 - 27 април, 2024

Онлајн настава за учениците до трето одделение: Стриминг од часовите во живо или снимени материјали до кои сите ќе имаат пристап

Од Министерството за здравство и Министерството за образование соопштија дека наставниот процес од септември ќе се одвива онлајн, со исклучок на учениците од прво до трето одделение кои ќе можат да посетуваат настава во училници, а воедно и училиштата со помал број на ученици и паралелки ќе можат да организираат часови со физичко присуство, откако претходно општините ќе добијат согласности од Владата.

Токму родителите на учениците до трето одделение ќе ја носат финалната одлука, односно тие ќе изберат дали нивните деца ќе посетуваат училиште, или пак ќе бидат вклучени во онлајн наставата.

По оваа објава, многу родители, но и ученици, се прашуваат на кој начин ќе се одвива онлајн наставата за оние кои ќе се одлучат да ја следат од дома, а од МОН на кратко ни го објаснија тој процес, како и  моделот за настава со физичко присуство.

„Во моделот – настава со физичко присуство, наставникот ќе биде присутен во училницата и ќе ја предава материјата непосредно пред учениците чии родители одлучиле тие да посетуваат настава со физичко присуство. Доколку во паралелката одредени родители побараат учениците да следат онлајн настава, часот ќе се пренесува во живо за сите нив (ученици кои следат настава од дома), или пак доколку можностите не дозволуваат стриминг во живо, часот ќе се снима и потоа проследи до сите останати ученици преку апликациите кои се користеа и во изминатата учебна година, или ќе му се достават печатени материјали на секој ученик одделно. Исто така, наставникот може да обере веќе снимен час на соодветната тема поставен на ЕДУИНО“, информираат од МОН.

Во однос на наставата со физичко присуство, од претходно беше соопштено дека ќе се донесат протоколи за тоа кои мерки за заштита и превенција од Ковид-19 ќе се имплементираат во училниците, но тие се уште не и се познати на јавноста, иако учебната година почнува за десетина дена.

„Веднаш откако ќе бидат усвоени од Владата, протоколите ќе бидат објавени во Службен весник, а потоа и доставени до училиштата“, велат од МОН, не прецизирајќи точен датум кога би се случило тоа.

Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Родителите на учениците до трето одделние веќе добија анкета преку која треба да го искажат својот став за тоа како сакаат нивните деца да ја следат наставата – онлајн или со физичко присуство во училишните клупи.

Од МОН велат дека до почетокот на учебната година треба да бидат доставени одговорите од сите родители.

„Сите родители е потребно да се произнесат до пред почетокот на учебната година, со цел училиштата да подготват план за организација на наставата и за учениците кои ќе посетуваат настава со физичко присуство во училиште и за учениците вклучени во онлајн наставата“, заклучуваат од МОН.

The post Онлајн настава за учениците до трето одделение: Стриминг од часовите во живо или снимени материјали до кои сите ќе имаат пристап appeared first on Слободен печат.


Онлајн настава за учениците до трето одделение: Стриминг од часовите во живо или снимени материјали до кои сите ќе имаат пристап was first posted on август 21, 2020 at 12:01 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....