13.8 C
Скопје
17:06 - 17 октомври, 2026

По смртта на Рајко Дујмиќ прекинат спорот за името „Нови фосили“

Судските инстанци во Загреб ја прекинаа постапката што ја започна неодамна починатиот Рајко Дујмиќ против тројца членови на „Нови фосили“ околу употреба на името на таа музичка група.

Имено, Дујмиќ поднел тужба против Сања Долежал, Владимир Кочиш Зек и Маринко Колнаг, тврдејќи дека немаат право да го користат името „Нови фосили“ откако тој бил исфрлен од групата.

Дујмиќ бил исклучен од групата во 2014 година, а другите членови продолжиле да настапуваат под тоа име. Еден од последните настапи им бил во февруари годинава.

Дујмиќ почина на 4 август, како последица од сообраќајна несреќа.

„Нови фосили“ е југословенска и хрватска група основана 1969 година. По распадот на СФРЈ, групата се расформирала, но потоа членовите во 2005 година ја возобновиле. Бендот денес сè уште постои, но без ниеден од првичните членови.

Слични објави

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.
Се вчитува....