10:52 - 31 март, 2026

4 здравствени проблеми кои се покажуваат на кожата на вашето лице

Врз основа на изгледот на кожата можеме лесно да заклучиме што не е во ред со нашето здравје, жолтеникавата или премногу бледата кожа, осипот, мозолчињата или првутот понекогаш сигнализираат дека постои проблем во внатрешните органи.

Бледилото е знак за анемија

Многу бледата кожа упатува на анемија поради недостаток на железо, но може да укажува и на нарушено здравје на белите дробови и бронхиите. Потребно е да се направи анализа на крвта, а доколку се сомневате дека имате анемија, треба да ја зајакнете исхраната со зелен зеленчук, риба и витамин Ц. Бледата кожа со синкава нијанса околу носот и устата укажува на проблеми при работата на срцето, па потребно е да ги направите соодветните кардиолошки прегледи.

Сува кожа – дефицит на вода

Ако вашата кожа е сува и ронлива, можно е да не внесувате доволно течности. Меѓутоа, ако покрај овие симптоми се приметуваат и мали отоци на лицето, веројатно постојат проблеми во работата на бубрезите и органите за лачење. Потребно е да направите анализа на урината, биохемиски тестови на крвта и ултразвук на карлицата. Малото лупење на кожата покажува дека во вашиот организам недостасува цинк.

Дамките покажуваат алергија

Појавата на голем осип на лицето, како и прстите и образите, укажува на тешкотии со желудникот, и во овој случај треба да се внимава на исхраната. Ако на вратот и лицето повремено се појавуваат флеки, најчесто станува збор за алергија на некоја храна или лек. Општото црвенило, особено по физичкиот напор е еден од симптомите на хипертензија, висок притисок.

Жолтеникава кожа – сигнал за лошо варење

Ако вашата кожа добива жолтеникава нијанска, треба итно да го прегледате црниот дроб, бидејќи можно е да е нарушена неговата работа. Сувата, бледожолтеникава кожа укажува на гастритис или чир во желудникот, што е можно да се испита преку гастроинтестинална едноскопија.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....