10:59 - 31 март, 2026

„Се уште сме фраери”: Славните актери Сталоне, Шварци и Долф со хит снимка го воодушевија светот (ВИДЕО)

Снимката на која тројцата се шегуваат на сметка на својот изглед за седум часа била прегледана од речиси милион и пол луѓе.

Холивудските актери, Арнолд Шварценегер (71), Силвестер Сталоне (73) и Долф Лундгрен (61), ги израдуваа фановите ширум светот со снимка на која одлично се забавуваа и порачале дека одлично стареат.

Бидејќи сите тројца важат за страв и трепет во Холивуд и сите се поврзани со опасни улоги, овие популарни актери и денес се во одлична форма, па секогаш е вистинско задоволство да се видат заедно. Посебно кога се целосно опуштени, исто како и на снимката која Сталоне ја споделил на Инстаграм, а која за само седум часа ја погледнале речиси милион и пол луѓе.

„Мојата рака изгледа подобро од твоето лице”, се пошегувал Силвестер со Арнолд.

„Слај мисли дека неговата рака е поубава…Погледнете колку добро изгледам”, додал Шварценегер.
„Многу добро старееме”, заклучил Сталоне, задоволен од тоа што го гледа, исто како и сите фанови на легендарните актери.

“Генијално”, “Вистински опасни момци”, “Легенди”, “Момците се вратија во градот”, “Свето тројство”, “Толку многу легенди на една снимка”, “Никогаш немојте да остарите, чувајте ја душата млада”, “Момци се уште изгледате одлично”, “Многу сте згодни”…се само некои од коментарите кои воодушевените фанови ги напишале.

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо
Се вчитува....