20:52 - 9 ноември, 2026

ПРАЗНИЧНИ ПРИКАЗНИ: Кога децата престануваат да веруваат во Дедо Мраз?

Како што се ближат новогодишните празници се редат лампиони и сијалички кај елките, така се зголемува нивото на еуфорија и радост, како кај семејствата кои имаат мали деца, така и кај оние возрасни кои сѐ уште се деца во срцата. И тогаш, додека минувате време со семејството и ја декорирате елката и домот, ја слушате „Have yourself a Merry Little Christmas“ од Sinatra и пиете топло чоколадо, не можете, а да не се запрашате „Зошто престанав да верувам во Дедо Мраз?“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prinzessa Buzonka (@buzonka)


Веројатно затоа што сте добиле удар од реалноста. Па така, бидејќи децата, кога тогаш, ќе го добијат тој удар од реалноста, можеби треба да ги оставиме да уживаат во своето прекрасно бесознание и да направиме да се радуваат на Дедо Мраз што подолго.


Едно истражување на психологот Jacqueline Wolley од Универзитетот во Тексас, го разгледува прашањето на која возраст децата престануваат да веруваат во Дедо Мраз. Резултатите покажаат дека децата над возраст од околу 5 години веќе не веруваат во дедото со долга бела брада. Нејзиното истражување е слично со истражување направено во 1978 година каде 85% од децата на 4 годишна возраст, но 65% од децата на 6 годишна возраст веруваат во Дедо Мраз.


Вчудоневидувачки е фактот дека кога возрасните биле прашани, кога тие престанале да веруваат во Дедо Мраз, одговорот означувал значајно поголема возраст. Истражувањето покажува дека 85% од возрасните верувале, но просечната возраст на која престанале да веруваат во постоењето на Дедо Мраз е 8 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @jujulee

Бидејќи реалноста е таква каква што е, на сите понекогаш ни е потребна малку „магична прав“ за да не залажува дека ако бидеме доволно добри, некој ќе не награди за тоа. Па така, бидејќи децата,кога тогаш, ќе го добијат тој удар од реалноста, можеби треба да ги оставиме да уживаат во своето прекрасно бесознание и да направиме да се радуваат на Дедо Мраз што подолго.

Еве неколку начини како да го направите „доаѓањето“ на Дедо Мраз уште повозбудливо:

  • Помогнете му на детето да му напише писмо на Дедо Мраз и да го испрати
  • Подгответе му закуска на Дедо Мраз
  • Легнете го детето рано пред да дојде Дедо Мраз
  • Радувајте се со него кога ќе ги отвора подароците

Слични објави

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо
Се вчитува....