10:03 - 31 јули, 2026

ОВИЕ БОИ ВО ДОМОТ ПРИВЛЕКУВААТ ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА: Успех и добивка, вака повикувате добро расположение и среќа!

Отсекогаш се верувало дека одредени бои имаат способност да ни го подобрат расположението, да ни ја поттикнат креативноста, да ни помогнат да се опуштиме или да ни дадат енергија за работа…

Еве како боите влијаат врз нас, па во согласност со тoa  изберете ја онаа што ќе биде најпогодно за одредена просторија во домот.

Зелена

Според Фенг Шуи, зелената боја симболизира промена, успех и флексибилност. Зелената боја опушта, па добро е да имате зелен ѕид или катче каде што ќе можете да се опуштите по напорниот ден. Едно клиничко истражување исто така покажа дека сликите од пејзаж им помагаат на пациентите да закрепнат побрзо. Во моментите на инспирација пишувајте со зелен молив, бидејќи многу полесно ќе ги пренесете мислите на хартија.

Жолта

Жолтата нијанса асоцира на Сонцето, животната радост и топлината. Поттикнува размислување и креативност. Според Фенг Шуи, централниот дел од собата е идеално место за некои детали во жолта боја. Сепак, прекумерната изложеност на жолта нијанса може да ги замори очите, па затоа не се препорачува да биде доминантна во просторијата.

Портокалова

Како и жолтата, таа исто така носи топлина и радост во секојдневниот живот. Светло портокаловата боја (во помала количина) може да ја зголеми позитивната енергија во домот.

Црвена

Црвената боја се поврзува со оган, елемент кој носи промени. Црвената е темпераментна боја, „поканува“ на акција и ја забрзува работата на срцето. Дури и многу мала количина од оваа боја делува како магнет и е многу моќна. Доволно е само еден ѕид во собата или некој детал – перници или теписи. Црвените врати, на пример, создаваат чувство на добредојде, но според верувањата се поврзуваат и со успех и добивка.

Сина

Според Фенг Шуи,  сината боја е воден елемент  и е основа за нов успешен почеток. Има моќ да ја зајакне самодовербата, да ја олесни комуникацијата со другите и да го забрза решавањето на проблемите. Се верува дека го намалува апетитот, па добро е да ја имате како доминантна нијанса во трпезаријата или кујната.

Виолетова

Оваа боја е совршена за простории каде што се релаксирате или вежбате јога. Таа е поврзана со богатството и се верува дека нејзиното најдобро место е во најоддалечениот лев агол од просротијата наспроти влезната врата. Не е добар избор за дневна соба, бидејќи, според верувањата, може да создаде негативна енергија и да ја отежне комуникацијата.

 

 

Слични објави

Една одлука може да ти го промени животот – дали си подготвена за следниот чекор?

Еспресо

Заедно се повеќе од две децении и покрај бројните искушенија, а нивната приказна е судбинска

Е.А.

Поранешниот свршеник на Јована Јеремиќ денеска слави, а покрај него е и новата девојка Александра

Еспресо

Голема димензија на љубов: Сара Мејс со емотивна честитка за роденденот на синот Кирил

Еспресо

Тања Савиќ заминува во Турција на естетска операција: „Морам да соберам храброст“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Стефан Лазаров во најубавото животно поглавје — трудничките фотографии од Охрид освојуваат на прв поглед

Еспресо
Се вчитува....