04:44 - 8 ноември, 2026

Мијата ја објави својата старо-нова песна и тоа на англиски јазик (ВИДЕО)

Во вакви стресни денови, според многумина најдобар лек е музиката.

Па, така по тој повод, пејачката Мијата денеска реши да ја промовира својата старо-нова песна и тоа на англиски јазик, со носи наслов „Регрет“.

Станува збор за композиција која е дел од албумот „Небеска“, но дури сега дочека своја екранизација.

– Иако песната ја темпирав за месец март како Месец на Жената, со новонастанатата ситуација текстот на REGRET добива уште подлабока и универзална симболика – вели Мијата.

Инаку REGRET e производ на соработката со Давор Јорданoвски кој се потпишува како аранжер, додека пак Миа е автор на музиката и текстот. Продуценти на песната се Давор Јордановски и Ѓоко Мишковски, а снимена е во Big Bang Music Recording Studio во Торонто како и во Rock’n Roll студио од Скопје (кој беше воедно и издавач на албумот Небеска). Видеото го изработи Иван Куртевски.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.
Се вчитува....