26.8 C
Скопје
14:08 - 8 мај, 2024

Овие шест фотографии покажуваат како треба правилно да ги миете рацете за да се заштитите од коронавирусот

Веќе знаеме дека првата и најважна препорака од епидемиолозите во врска со коронавирусот е миење на рацете, а дека постои голема разлика меѓу добро и лошо измиени раце, покажува фотографијата што кружи на Инстаграм.

Instagram

На оваа фотографија составена од шест помали фотографии е прикажана разликата помеѓу неизмиените раце, лошо измиените раце и правилно измиените раце.

На првата фотографија е прикажана рака што не е измиена, потоа рака што е измиена само со вода, рака која шест секунди е миена со вода без сапун, потоа рака која шест секунди е миена со сапун и вода и на крајот рака која 30 секунди е миена со сапун и вода.

Од првите фотографии може да се забележи дека на рацете има голем број бактерии, а на последната фотографија се гледа дека раката е целосно чиста.

Според фотографијава може да заклучиме дека рацете треба темелно да се мијат 30 секунди за да се отстранат бактериите од нив.

Слични објави

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....