15.8 C
Скопје
08:19 - 7 мај, 2024

ЕУ ја повика Турција да го почитува договорот, Ердоган условува со барање поголема финансиска помош

Лидерите на ЕУ ја повикаа Турција да ги почитува одредбите околу договорот со кој треба да контролира границата за време на отворените разговори со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој престојува во Брисел.

После состанокот, според извештаите била видлива одредена тензија, судејќи според постапката на Ердоган кој веднаш по средбата со Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, заминал директно на аеродром.

– Јасно дека имаме несогласувања, но на состанокот зборувавме отворено, и сметам дека имавме конструктивен разговор, изјави Фон дер Лајен.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја повика Турција да ги почитува своите обврски, договорени меѓу ЕУ и Турција на самитот во 2016 година, која предвидува мигрантите да останат во Турција, во замена за европска финансиска помош.

Од друга страна, турскиот лидер бара поголема помош околу состојбата во Сирија. Ердоган одлучи да ги отвори границите и да ги пушти мигрантите и бегалците во Европа, со што го зголемува притисокот врз европските држави. Ставот на Ердоган е дека Анкара сака да ги издигне на повисоко ниво односите меќу Европа и Турција, односно поголема поддршка на Брисел за турската политика во Сирија.

На вчерашниот состанок, Ердоган и двајцата европски лидери го задолжија шефот на европската дипломатија Жозеф Борел и неговиот турски колега Мелвит Чавушоглу да го разјаснат спроведувањето на договорот ЕУ-Турција, како би се увериле двете страни дека имаат исто толкување на договорот, изјави претседателот на Европскиот совет.

Фон дер Лајен по состанокот изјави дела е добро линиите на комуникација меѓу Анкара и Брисел да останат отворени, додавајќи дека договорот од 2016 година, по вчерашниот состанок, и  натаму е валиден.

Анкара и натаму смета дека европската помош околу мигрантите е недоволна, за згрижување на околу четири милиони бегалци, кои со години претстојуваат во камповите во Турција.

Во рамките на посетата на Брисел, турскиот претседател се сретна и со челниците на НАТО, од кои, од позиција на земја членка, побара воена помош за судирите во Сирија.

Турскиот претседател, не пропушти да упати остри критики за грчката влада, која од Брисел добила 700 милиони евра за да ги обезбеди своите граници и да се соочи со новот мигрантски бран.

-Нерационално и некоректно е сојузничката НАТО алијанса и една соседна држава целата вина околу мигрантите да ја префрлаат на Турција, изјавил Ердоган.

The post ЕУ ја повика Турција да го почитува договорот, Ердоган условува со барање поголема финансиска помош appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....