6.8 C
Скопје
02:38 - 19 октомври, 2026

Сајмон и Гарфанкел го објавија првиот мегахит, Клептон и Арета Френклин со албуми кои им ја променија кариерата и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден во историјата на музичката уметност е значаен по тоа што многу веќе славни пејачи уште еднаш ја покажаа својата вредност, со тоа што објавија нови материјали кои ќе го зацементираат нивното место во оваа индустрија, како и статусот на легенди. 

Во продолжение прочитајте за најзначајните настани кои ја одбележаа музиката низ историјата на денешен ден:

1940 година – Родена е пејачката Нада Кнежевиќ, музичарка за која може да се каже дека имаше две паралени кариери: За широкиот југословенски аудиториом важеше за интерпретатор на забавна музика, додека во странство беше позната како врвен џез изведувач.

1947 година – Роден Том Шолц, гитарист и автор во американскиот рок бенд „Boston“, а воедно познат и како музички иноватор.

1963 година – Роден Рик Рубин, славниот американски музички продуцент, кој стана светски познат како оригинален член на „Dj beastie boys“, односно како коосновач на „Def jam records“.

1964 година – Сајмон и Гарфанкел ја снимија нумерата „The sounds of silence“, првата авторска песна за својот деби албум „Wednesday morning, 3 A.M“, кој ќе биде објавен на 19.10 истата година, а токму ова е првиот мегахит во нивната кариера.

1967 година – Објавен Епот „Arnold Layne“, првото дискографско издание на англиската психиделична група „Pink Floyd“, чија насловна песна ја напиша Сид Барет, пејач, гитарист и еден од основачите на бендот.

1967 година – Арета Френклин го издаде својот 10. албум – „Never loved a man the way i love you“ и првиот со кој пејачката се проби до самиот врвот на американските топ листи, а подоцна стана дел од есенцијалните изданија на жени во рок музиката, односно и генерално ова издание почна да се смета како еден од најдобрите албуми на сите времиња.

1988 година – Ерик Клептон го издаде својот 13. соло албум, „Pilgrim“, кој стана едно од комерцијално најуспешните негови изданија, а најголем хит е баладата „My father’s eyes“.

1990 година – Групата „Атомско склониште“ заврши со снимањето на албумот „Criminal tango“, а беше објавен кон крајот на годината од страна на издавачката куќа РТВ Љубљана.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....