6.8 C
Скопје
03:05 - 26 април, 2024

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ИВАНА И СТЕФАН: Од клубски мачки до модни дизајнери

Разговор со Ивана Секулоска и Стефан Китановиќ за еколошка мода и дизајн претставени како целосно графичко и монохроматско естетско доживање

„Волатајл“ е заеднички проект на Стефан Китановиќ и Ивана Секулоска во склоп на изложбата за македонска еколошка мода и дизајн, „Slowscapes“. Ова е нивната втора заедничка колекција есен-зима 2021/22 на небинарно родово инклузивни облеки, во која се употребени природни материјали, традиционални техники, минималистичка и монохроматска естетика.

фото: приватна архива

Ивана и Стефан во соработка создаваат нова „униформа“, која ги облекува луѓето во монохром и ги прави движечка уметност. Во духот на колекцијата се гледа посветеноста на младите дизајнери кон идеологијата на нивниот израз и тестаментот на нивното пријателство.

Како се запознавте и како започна соработката и пријателството меѓу вас?

Ивана: Откако завршив на курс, се запишав на Ликовна академија на оддел – Графика и споделив со еден пријател. Тој ме предупреди. Ќе имаш пријател таму, се вика Стефан, па јас чекав да видам кој е тој Стефан. Така се здруживме. Стефан стана првата Драг-Кралица во Скопје и беше претставен на насловната страна на списанието „Портрет“ во облека која ја дизајнирав јас и така решивме дека треба да соработуваме.

Стефан: И онака го правевме тоа. Беше многу природно, бидејќи размислуваме слично за работите.

Ивана: Како да сме истиот човек.

Стефан: Решивме да правиме колекција, бидејќи сè што имавме правено, имавме правено заедно. Дури и кога излегувавме беше настан, „serving looks“, секаде – цело време. Тоа ни беше работа во Скопје (се шегува Стефан).

Ивана: И тогаш добивме проект и сфативме дека сакаме да работиме, а не да бидеме „club-cats“ (клубски мачки).

фото: Филип Бојковски

Стефан: Првата колекција ја сработивме бидејќи добивме грант и почна пандемијата.

Ивана: За време на пандемијата доаѓаше цело време кај мене и работевме од дома, па Изет Цури ни дозволи да го користиме училиштето бидејќи беше празно.

Стефан: Бидејќи беше корона и никој ништо не правеше, имавме многу соработки: со Ивана Драѓшиќ, со Ѓорги Десподов…

Ивана: Соработувавме со сите што ги знаеме, буквално. Тоа ни е и пристапот и сакаме да го задржиме и во иднина. Секој аспект да биде покриен од различен уметник.

Стефан: Албулена, девојчето што ја шиеше колекцијата, под надзор од Ивана е од училиштето „Изет Цури“.

фото: Филип Бојковски

Кој е вашиот пристап со проектот? Бидејќи не станува збор за обична облека, туку за уметност. Како се соочува публиката со ваквиот дизајн?

Стефан: Имавме многу добра реакија. Исто и од првата колекција. Најчесто е носена колекцијата од локалните уметници. Диџеи ги носат нашите парчиња, Ана Мало, Ивана Драгшиќ, Ермилова. „It’s a statement“.

Ивана: Во секој случај, се трудиме во изработката да биде по сите правила и прописи, да биде добро срочено и сошиено и добиваме коментари од тие што ја носат нашата облека дека е многу удобна, дека е „body-inclusive“ и „gender-fluid“. Работиме само со црно.

Стефан: Ама со многу различни материјали и текстури.

Мислите дека некогаш ќе се промени тоа?

Ивана: Па можеби во бело.

Стефан: Имавме бело парче во првата колекција.

Ивана: Ама претежно е монохроматски изразот. Најверојатно ни доаѓа од искуството со графика.

Стефан: Го пренесуваме искуството од факултет, дури имаше во првата колекција такво парче со примена на монотипија(графичка техника) и од таа монотипија го извадивме логото. Новото лого за новата колекција, исто така е извадено од дело.

фото: приватна архива

Ивана: Имаме „well-informed“ пристап, композициски решенија. „Сè – цело време“.

Стефан: И нема многу голем компромис бидејќи се парчиња што се прават од рециклиран материјал. Секое парче е уникатно и се прави еднаш. Го користиме ѓубрето на комерцијалните произведители.

Ивана: Правевме и накит од плексиглас, а со тоа и тагови и етикити.

фото: Филип Бојковски

Како дел од колекцијата имавте изработено „филтер“ за апликацијата „Инстаграм“, раскажете ми што значи тоа?

Ивана: Првиот „филтер“ беше парче накит – црна белезица која доби друга функција. Ја ставивме на нос за да биде „face-piece“ и така го направивме филтерот, како најава за колекцијата. Тоа го правеше Ѓорги Десподов. Вториот филтер беше исто така направен со земање на детал од колекцијата- од експресивен потег со шпакла.

Ивана: Графиката е сеприсутна, често добиваме коментари дека алиштата се графички и остри. Сакаме алиштето да даде форма на телото.

Стефан: Всушност, телото на облеката ѝ ја дава формата, со минимални интервенции, на пример големите вазни што ги викаме ние, (се шегува Стефан) фустани и јакните.

На што имате најмногу реакции? По што посегнуваат луѓето?

Стефан: Имаме „best-sellers“, многу ги сакаат тие…

Ивана: Да, пантолоните од првата колекција. Тие се инспирирани од дизајнот на традиционални јапонски пантолони и кошулите исто.

Дали мислите дека може да се работи моден дизајн тука? Да се живее и преживува и да се твори?

Ивана: Па ние работиме и други работи за да го „поддржиме“ ова, така да, не. Дизајнер со целосно работно време е невозможно.

Имаме ли простор во општеството за такво нешто?

Стефан: Да. Сè е култура, треба само да се научат луѓето.

фото: Ѓорги Десподов

Дали има заедница меѓу луѓето кои се занимаваат со овој тип на уметност?

Ивана: Пробуваме да има.

Стефан: Луѓето што се дел од изложбата се соработници и пријатели. Ова што се случува е движење. Се обидуваме да направиме промена, бидејќи материјалите што се користат се со пластики, сè е ужасно сошиено, кичерајско…

Ивана: Заедно баравме материјали за колекцијата.

Стефан: На пример работиме кај Драган (Ludus) како асистенти, Амра ја знаеме од факултет. Луѓе сме што размислуваат слично и ја имаат истата култура. Уствари, бидејќи нема суб-култури тука- никакви, нема ни модна култура. „Slowscapes“ е приказ на „slow-fashion“ бидејќи на облеката ѝ треба време за изработка, бидејќи е рачен труд. Дури и самото ткаење на материјалите се прави на рака.

Дали е целта да се создаде нова естетика?

Ивана: Сакаме да претставуваме цело естетско доживување.

Стефан: Ама сè е квир, бидејќи тие ни се влијанијата.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....