08:09 - 29 ноември, 2026

(ФОТО) ПРЕД ДА СТИГНЕ КОНДОМОТ ДО МАСИТЕ: Каква заштита користеле предците?

Кондомите се придружници на луѓето илјадници години, но оригиналните кондоми веројатно не биле толку добри за безбеден секс. Иако за нивна изработка се користени оклопи од желка, животински црева и лен, откритието на вулканизирана гума на Чарлс Гудиер во 1839 година им ги донесе кондомите на масите.

МАСТУРБИРАЈТЕ ПОЧЕСТО: Пет причини поради кои е добро да мастурбирате, а нема врска со секс

Првите кондоми

Првата документирана употреба на кондом во Европа била во 1564 година од страна на италијанскиот лекар Фалопио (кој исто така го дал своето име на јајцеводите).

Во 16 век кондомите се користеле првенствено за спречување на сексуално преносливи болести. Сифилисот, на пример, често бил фатален и беснеел низ Европа повеќе од 300 години. Но, со откривањето на сперматозоидите во 17 век, црквата се „налутила“ поради попречување на напредокот.

фото: принтскрин/јутјуб

До 18 век, репутацијата на кондомот меѓу медицинските работници била цврсто зацементирана како средство за луѓе со „низок морал“.

Користење на животински црева

Во Јапонија и Кина, кондомите се користеле пред 15 век. Биле направени од оклоп на желка, а подоцна и од тенка кожа. Во Кина се правеле од подмачкана хартија или од јагнешко црево. Тие не се разликуваат многу од кондомите во Европа од 18 век, кои биле направени од лен или животинско црево.

фото: wikimediacommons

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо
Се вчитува....