Што МОРА да пробате ако сте на Халкидики или во Кавала

Грците ѝ пристапуваат на храната со мешавина од сериозност и носталгија, секогаш имајќи ја предвид храната со која пораснале. Тие не јадат за да живеат, ама живеат за да јадат. За нив оброкот е речиси секогаш социјална и посебна пригода, со акцент на првобитното значење на зборот „compagnia“ – луѓе кои делат леб.

Грчката кујна нуди уникатни деликатеси, без разлика дали ќе седнете во ресторан, или храната ќе ја земете од пекарница и слични специјализирани „бутици“ за јадење „на нозе“. Но, секогаш земете предвид, дека ако веќе седнете, ручекот или вечерата може да трае со часови. И колку повеќе луѓе се соберат околу трпезата, дотолку подобро; бидејќи добрата храна и доброто вино носат и добар разговор. Затоа, седнете си, и подгответе се да се забавувате во овие, сè уште, топли викенди на Халкидики, во Солун, во Кавала или околината. Во тој случај, започнете со серија на мезиња, таканаречени „мезедес“. Ќе ви ги донесат во мали садови, начичкани едно до друго. Мезето ќе ви го зголеми апетитот, а во тоа ќе помогне и доброто узо, ципуро-то или домашното вино.

Кои се основните елементи на грчката кујна, знаете?! Сеприсутната морска сол, суперсвежите намирници од околните ридови, маслиновото масло, течното „злато“ што ја содржи целата добрина на сонцето, рибите и морските плодови кои се в зори донесени од морето…И љубовта и фантазијата со која оваа храна се подготвува.

АКО СЕДНУВАТЕ НА РУЧЕК…

Тогаш секако, одвојте добар дел од вашето време! По мезето, ако сте почетници во грчката кујна, би можеле да дегустирате, на пример, грчка мусака. Најтопло ви ја препорачуваме, без разлика дали ја јадете на „Краците“ или во околината на Кавала.

Мусака

За разлика од нашата мусака, грчката е направена со превкусен и дебел, горен кремаст слој. Според мештаните на Халкидики, слојот се добива со матење на павлака, сирење и млеко, а добиената смеса се претура врз мусаката пред да се стави на „тивко“ да се пече. Грчката мусака се служи врела и се послужува со кисело млеко.

Полнети тиквички на грчки начин

Во ова фантастично традиционално јадење би можеле да уживате само ако не планирате, подоцна, да одите во театар или в кино, бидејќи се подготвува со многу лук и кромид. На меленото месо му се додава ориз и грчко (совршено) маслиново масло. Според поновите рецепти се додаваат и бадемчиња и лешничиња, ким и цимет и црвен пипер. Пробајте ги полнетите тиквички во оригинална верзија, со многу сирење или рендан, па стопен, кашкавал, и со магдонос на врвот.

Полнет модар патлиџан

Освен карактеристичната грчка салата која, се разбира, мора да ја нарачате, во традицијата на Грците е, како предјадење или пак, за вечерно мезе, да се сервира полнет модар патлиџан, тиросалата, пржено сирење, пржени тиквички или пиперки во сос од домати. Овие мали мезиња често ја заменуваат чорбата која е карактеристична за европските земји, а која се служи како предјадење.

Како се подготвува овој специјалитет? Мештаните ни раскажаа дека се прави вака: на еден поголем модар патлиџан следуваат две чешниња ситно исечкан лук и 3 лажици квалитетно домашно маслиново масло, малку сол и црн пипер, малку оцет, малку магдонос, 100 грама фета сирење и една печена пиперка, ситно исечкана. Проверен рецепт за неповторлив вкус.

На полнети лигњи во Каламарија

Ако сте за „морско“, задолжително појдете на ручек во Каламарија. Се наоѓа на пет километри југоисточно од центарот на Солун. А, ако сте веќе тука, додуша, може да дегустирате сè што е морско, бидејќи храната се носи секое утро директно од морето. А се подготвува од врвни гастрономски мајстори. Да не заборавиме, цените се, подеднакво, супер.
Ние ви препорачуваме да почнете со полнети лигњи со мирис на рузмарин и во доматен сос. Уште подобро ако сосот е со лук. Украсени се со кругови лимон и магдонос.

Image result for stuffed squid greek style
Profimedia

АКО СТЕ ЗА ТРАДИЦИОНАЛЕН „ФАСТ ФУД“

Ако „претрчувате“ низ грчите улици, немајќи време, до толку, да се опуштите, ви сугерираме кои традиционални грчки јадења да ги дегустирате.

Солун, на пример, е познат по „уличната храна“ и затоа на туристите во овој град им се советува да пробаат некои од јадењата приготвени „на улица“. Традиционални се, квалитетно подготвени и лесно достапни.

Сувлаки и Гиро

Овие два специјалитета се кралеви на брзата грчка кујна. Ако нарачате сувлаки, ќе добиете ситно сечкано, гриловано месо , завиткано во пита леб налик на „лепиња“. Се служи со различни додатоци, но задолжително пробајте го со сосот цацаки. Може да се нарача и во чинија, па на „раат“ да уживате во вкусот.
Гирото пак, е многу слично. Разликата е во тоа што за гирото месото е маринирано, а полека се пече.

Image result for Souvlaki
Youtube

Кулури

Ова, во суштина, е ѓеврек. Лебот е во тркалезна форма, а има крцкава кора наросена со сусам. Се прави во различни форми, може да биде со различни видови на семки или брашно, може да биде полнето со сирење или месо, а може да се најде и полнето со „нутела“.

Image result for Kuluri greece
Instagram

Тиропита

Ова е грчка верзија на пита со сирење. Купете ја во пекарница. Дегустирајте ја за појадок, бидејќи подоцна тешко ќе ја најдете, брзо се распродава. Потекнува од античкото грчко време, а според оригиналниот рецепт, мора да содржи лук и мед, иако денес постојат верзии на сува, помалку мрсна, од лиснато или од обично тесто.

Image result for Tiropita greece
Youtube

Букаца

Едни велат дека бугацата дошла во Грција од Италија, а други – од Турција. Но, со сигурност, прво пристигнала во северниот дел на Грција. Во Солун е највкусна. Се продава во пекарниците и има сличен вкус како кремпита, со потпечена кора и наросена со шеќер и цимет.

Youtube

Лукумадес

Тоа се крофнички подготвени по стар, традиционален рецепт. Иако, би требало да бидат десерт, на Грците им се често замена за оброк. Можат да бидат подготвени во најразлични верзии, ама одлучете се за традиционалната. За неа, пишувал дури и Аристотел. Тоа се мали пржени топчиња тестенина кои се сервираат жешки, претходно се протркалани во мед и наросени со цимет.

Image result for Loukoumades

АКО СТЕ ВО КАВАЛА ИЛИ ВО БЛИЗИНА

Таверната „Савас“ и крај

Не ја пропуштајте таверната „Савас“ со волшебна медитеранска атмосфера и храна. Што да нарачате? Почнете со мезиња и домашно лепче, па преминете на полнет модар патлиџан, пржени тиквички, па полнети лигњи, сардини на „грил“…и завршете со риба. Цените се одлични, а ќе уживате во храната, со нозете речиси шлапкајќи во морето.

Youtube

И навистина, за крај на овој гастрономски водич, ако сепак, останете домче наместо да заминете за викенд во Грција, уживајте во оригиналниот грчки рецепт на традиционален начин – Портокалопита.

Дознавме за вас како да ја подготвите.

Портокалопита по оригинален рецепт

Потребни намирници – 400 грама кори за пита, 4 јајца, 100 грама шеќер, 400 грама јогурт, 250 мл масло, 4 големи лажици рендана кора од портокал, кафена лажичка екстракт од ванила, 20 грама прашок за пециво.
За сирупот – 300 грама шеќер, 250 мл сок од цеден портокал, 500 мл вода, 1 портокал исечен на кругови.

Подготовка

Најпрво, сите кори за питата треба рачно да ги иситните на ситни парчиња, не поголеми од 1 до 2 см. Потоа, во еден сад изматете ги јајцата со шеќерот (постепено зголемувајте ја брзината на миксерот) и постепено додавајте шеќер. Кога добро ќе ги изматите, додадете во смесата и јогурт, како и маслото (оставете од маслото малку за премачкување на плехот).

Потоа, додадете ги и останатите намирници – портокаловата кора, прашокот за пециво, екстрактот од ванила и рачно мешајте за добро да се соедини. Сосема на крајот додадете ги и иситнетите кори, и уште еднаш убаво измешајте. Ќе забележите како корите ќе се натопат во смесата.

Премачкајте тавче со стандардна големина. Претурете го колачот и печете во рерна на 180 степени околу 45 минути. Колачот треба убаво да зарумени, но не да се пресуши.
Сега подгответе го сирупот. Во еден сад ставете сок од портокал, вода и шеќер и оставете да зоврие. Варете на слаба температура уште околу 3 минути, па додадете ги круговите од портокал.

Сирупот претурете го рамномерно преку колачот кога колачот малку ќе се излади. Идеално би било да отстои неколку часа пред послужување за да биде сочен.

Image result for portokalopita

Слични објави

Ирина Шајк ја отвори душата: О, Боже, не знам што да правам, се распаѓам…

Еспресо

Толку бил мамурен што истата реченица ја повторил 56 пати: Пороците ја уништиле оваа ХОЛИВУДСКА ЅВЕЗДА!

Igor

Топли крокети од компир полнети со кашкавал (РЕЦЕПТ)

Igor

Банана торта

Еспресо

Дневен хороскоп за 09.02.2020 – Лавовите ќе си ги решат проблемите со членовите на семејството

Еспресо

Хороскопот открива: Која е идеалната професија за вас

Еспресо

Остави Коментар

3 × 2 =

Слични објави

Не сакаше да се тргне од сопругот кој е болен од коронавирус, па сега стигнаа лошите вести!

Васко Спасоски

Сок од праски

Еспресо

Гоца Тржан ги „подбра“ колегите што се жалеа за откажаните настапи! (ФОТО)

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ ѝ упати нежни зборови на својата снаа и се заблагодари: Прекрасно мое девојче! (ФОТО)

Еспресо

Дали храната може да помогне во борбата со коронавирусот

Еспресо

Викторија Бекам после 10 години се насмеа: Нејзиниот син објави слика на која сите гледаат во нејзините заби! (ФОТО)

Еспресо