00:44 - 29 ноември, 2026

Погодени од стрелата на Купидон: Четири хороскопски знаци ќе бидат најголеми љубовџии во јули

Астролозите именуваа четири знаци од Зодијакот кои ќе имаат голеа среќа во љубовниот живот во месец јули.

За кои љубовџии станува збор и што ќе им се случува, прочитајте во продолжение.

Бик

Бикот влезе прв на листата на среќници во љубовта. На почетокот на месецот треба да си ги разберат своите сопствени чувства и да дефинират што точно сакаат, но веќе во втората недела на јули ќе можат да запознаат личност со која ќе започнат сериозна врска. Ќе бидете пресреќни што конечно го добивате тоа што го баравте цел живот.

Близнаци

И близнаците ќе имаат среќа во овој поглед. Поволно ќе се развиваат романтичните врски. Претставниците на ова хороскопско соѕвездие кои веќе се во врска, токму во јули ќе можат да одлучат да се венчаат. Осамените близнаци пак, нема ни на миг веќе да бидат осамени…Напротив.

„Ако планирате патување со вашиот партнер/ка, тоа ќе биде неверојатно“, велат астролозите и ве советуваат да го направите тоа.

Девица

Девиците ќе имаат прекрасни можности за среќна љубов во личниот живот. Ќе можете да го свртите бродот конечно во саканата насока. На многу девици конечно соништата ќе им се исполнат, без разлика дали станува збор за љубов со личност од минатото (помирување) или личност која штотуку ја запознаваат. Ќе бидете на седмо небо од среќа.

Стрелец

И стрелецот се најде на листата на среќлии во љубовта. Ќе бидете магнетски привлечни, па тешко ќе биде некој да ви каже „не“. Оние кои веќе имаат дом, ќе цветаат во хармонија, слога, но и страста одново ќе се разгори. Убави вести пристигнуваат… Јули е поволен месец за љубовни врски за сите осамени стрелци, исто така. Комуницирајте повеќе со спротивниот пол, тогаш ќе има шанса да воспоставите силна и среќна заедница.

Астропрогноза за петок, 28 јуни: Лавовите ќе блеснат, а овните ќе поместат планини

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....