14.8 C
Скопје
08:36 - 14 мај, 2024

Неделен хороскоп: Каква ќе биде првата недела на јули за сите хороскопски знаци

Астролозите составија неделен хороскоп за сите хороскопски знаци за периодот од 3 до 9 јули. Некои знаци ќе бидат посреќни од другите. Еве какви се астро предвидувањата.

Овен

Првата недела од јули би можела да ви донесе некои мали несогласувања, дома или во канцеларија. Меркур во неповолна положба не помага во дијалогот со роднините и колегите… За среќа, Венера ќе се погрижи да ве расположи: планетата на љубовта ви гарантира среќа на полето на чувствата. Лоши денови, со неповолна Месечина: понеделник и вторник. Супер-среќната месечина за викендот.

Бик

Ќе се чувствувате малку поуморно, но не грижете се: тоа се должи на неповолниот транзит на Марс. Сепак, наскоро ќе можете да ја вратите вашата енергија! На работа не може да оди подобро од ова: го имате Јупитер во конјукција со Меркур – две планети на ваша страна, и двете подготвени да ви дадат нови можности или потврди што ги чекавте. Неповолната Венера, од друга страна, носи поголема загриженост во врска со чувствата.

Близнаци

За вашиот знак продолжува периодот на голема сентиментална среќа: месец јули започнува со убава поволна Венера, која ќе ви подари големи емоции и многу страст во следниот период! Марс, од своја страна, ви носи енергија и желба за правење големи нешта. Искористете ги среќните денови на Месечината – среда и четврток. Нервозна Месечина пак, ќе имате во петок и сабота.

Рак

Вашата недела започнува со два малку нерасположени дена, во кои спротивставувањето на Месечината може да направи да се чувствувате огорчено. Но, немате причина за тоа: Небото е на ваша страна! Меркур ви дава предност и во работните и во пријателските односи. Јупитер, од своја страна, ве штити и ви помага да ги реализирате вашите проекти. Денови кои треба да ги искористите до максимум се петок и сабота.

Лав

Во овој период веќе никој не може да ве спречи во ништо! Венера и Марс ве хранат со неверојатна енергија, досега невидена: ќе биде тешко да ви се одолее или да ви се каже не! Љубовта ќе ви цвета, па така и „најзакоравените“ самци би можеле да се согласат на средба од која ќе излезе нешто длабоко и многу убаво. Малку нервозни денови  ќе бидат среда и четврток, кога Месечината ќе биде во опозиција. Подобро е да се фокусирате на среќниот месечев ден – недела.

Девица

На работното место доажаат среќни мигови: Меркур и Јупитер работат заедно за да ви донесат нови можности и да ви го гарантираат вниманието и финасиите што ги заслужувате. Опозицијата на Сатурн, сепак, може да побара од вас да прегледате некои од вашите планови. Нервозни денови ќе бидат петок и сабота, кога спротивставувањето на Месечината може да донесе некои неуспеси. Среќна месечина, ќе имате во понеделник и вторник.

Вага

Марс и Венера се на ваша страна и ви гарантираат недела со голема енергија и среќа на полето на чувствата. Од друга страна, на работа би можеле да се појават уште неколку пречки: Меркур во неповолна положба ќе ги акцентира дискусиите и несогласувањата со колегите или претпоставените. Доколку сте на одмор, би можеле да настанат уште некои тензии во семејството. Обрнете особено внимание на нервозниот ден – недела.

Скорпија

Почетокот на јули ве наоѓа особено уморни и истоштени: Венера и Марс во неповолна положба прават да се чувствувате без енергија и внесуваат дискусии и кавги во вашиот љубовен и семеен живот. Понатаму, опозицијата на Јупитер дополнително ги отежнува работите на деловно поле.. За среќа, можете да сметате на планетата Меркур, која ќе ви дава стимулативни ситуации и средби. Денови на среќна Месечина: понеделник, вторник, петок.

Стрелец

Среќата продолжува да ви се насмевнува во однос на чувствата: Венера во знакот „пријателски“ на Лав ја штити вашата романтична врска или, доколку сте сингл, ве повикува да не се затворите во вашата школка, туку да се отворите за нови средби. Марс, од своја страна, ви дава физичка сила, истрајност и енергија. Искористете ги среќните денови на Месечината – среда, четврток и недела. Лоши денови, со нервозна Месечина: петок и сабота.

Јарец

Опозицијата на Меркур продолжува да носи уште неколку пречки, особено на вашиот професионален пат: нема секогаш да биде лесно да се разбере вашето гледиште. Сепак, не грижете се премногу: од следната недела ситуацијата ќе се подобри! Во меѓувреме, уживајте во прекрасната среќна Месечина во понеделник и вторник кога ќе доживеете романтични моменти. Нервозна месечина пак, во недела.

Водолија

Заморот почнува да се чувствува: двојната спротивставеност на Венера и Марс ви ја одзема енергијата и ги засилува кавгите и тензиите во вашиот живот, особено на љубовен план, правејќи да се чувствувате (и однесувате) како еж. Не плашете се од разговор, подобро побарајте дијалог со партнерот во среда, четврток и петок, кога убавата Месечина ќе ви помогне да се разберете. На работа може да наидете на одреден отпор, особено во понеделник и вторник.

Риби

Поволно време за работа: на ваша страна ги имате планетите Јупитер и Меркур кои не само што ви гарантираат неочекувани можности и сојузи, туку ветуваат и долгорочен успех. Деновите петок и сабота ќе бидат особено среќни, благодарение на прекрасната Месечина. Не плашете се да се впуштите во некоја необична авантура… можеби ќе се изненадите!

Полни паричници: Три хороскопски знаци ќе бидат вистински магнети за пари во текот на јули

Слични објави

(Фото) Јелена Карлеуша пожешка и од песокот во Дубаи! Пејачката се појави во минијатурно бикини

Еспресо

Главните комплекси на мажите според хороскопските знаци: Еве што ужасно ги измачува

еспресо

Кралот Чарлс зборува за непријатните последици од лекувањето на ракот

еспресо

Тончи Хуљиќ за Евровизија: „Цивилизацијата се распаѓа…“

еспресо

(Видео) „Чао, чао грд стану!“: Николина Пишек си ги спакува работите во кутии и се сели во вилата вредна 2 милиони

Еспресо

Андријана Јаневска за годинашната Евровизија: Ме поканија да ја претставувам Македонија на Евровизија, добро е што не отидов

Еспресо
Се вчитува....