13:56 - 8 ноември, 2026

Семејството на Мадона се плашело дека ќе ја „изгубат“: „Веста ја чуваа во тајност зашто никој не знаеше што ќе се случи“

Ѕвездата беше најдена во несвест и веднаш беше хоспитализирана.

Семејството на Мадона „се плашеше од најлошото“ откако 64-годишната пејачка се зарази со „сериозна бактериска инфекција“, пишува Дејли Мејл.

Славната уметница сега е на интензивна нега, а според новите информации се заразила со инфекцијата на 24 јуни 2023 година, и иако нејзиното здравје „се подобрува“, ѕвездата се уште е „под лекарски надзор“.

Нејзината ќерка, 26-годишната Лурдес Леон, била покрај неа во текот на целата здравствена голгота. Семеен пријател на суперѕвездата раскажа за Дејли меил дека нејзиното семејство се „подготвувало за најлошото“ по ужасното искушение, бидејќи „сите верувале дека можат да ја загубат“.

„Изминатите неколку дена, никој навистина не знаеше во која насока ќе се одвиваат работите, а нејзиното семејство се подготвуваше за најлошото“, споделил изворот близок до семејството.

„Затоа се чуваше во тајност од саботата. Сите веруваа дека можат да ја изгубат и тоа беше реалноста на ситуацијата“, вели инсајдерот.

Нејзиниот менаџер потврди дека претстојната турнеја на Мадона се одложува, пишувајќи: „Во саботата, на 24-ти јуни, Мадона разви сериозна бактериска инфекција која резултираше со неколку дена во одделот за интензивна нега. Нејзиното здравје се подобрува, но таа сè уште е под медицински надзор, се очекува целосно закрепнување“.

Слични објави

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо
Се вчитува....