10.8 C
Скопје
21:00 - 19 април, 2024

Дневен хороскоп за последниот ден во 2020 година!

хороскоп

Овен (21.03 – 20.04)

Денес ќе слушнете некои приказни кои ќе ве повредат, но бидете сигурни дека се работи за злоба. Ако работите физичка работа или на машина, денес чувајте се од повреди. Сите незгоди што ви се случуваат не смеат да ве обесхрабрат, затоа што сте се поблиску до целта. Партнерот се затвора во себе и се повеќе и се посветува на работата.

Бик (21.04 – 21.05)

Премногу работите и никако не можете да се одлепите од административните работи кои ви одземаат најголем дел од времето. Ако очекувате наследство или враќање на стар долг, ќе морате да причекате. Моменталната ситуација не ви оди во прилог. Се обидувате да го импресионирате партнерот и да најдете заеднички јазик со него.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес ве очекува мало финансиско освежување. Приливот не е голем, но моментално ќе ја намали психичката криза во која се наоѓате. Партнерските односи ви се добри и не ја пренесувајте вашата несигурност врз партнерот. Може да дојде момент кога повеќе нема да може да го поднесува вашето мрачно расположение.

Рак (22.06 – 22.07)

Емотивната криза полека ја совладувате и почнувате да се чувствувате како победник. Денес е можна интересна средба со личност родена во огнен знак. Личноста е многу интересна и одговара на вашиот сензибилитет. На работното место работите бавно се менуваат, но тоа се помалку ве оптоварува.

Лав (23.07 – 22.08)

Доколку сте доволно искрени, потребно е да ја преземете одговорноста за вашите постапки. Докажете си на себе и на другите дека можете да ги исполните дадените ветувања. Денес препорачливо ви е да избегнувате премногу напорни или стресни ситуации. Исполнете ги сите задачи пред да дојде новата година.

Девица (23.08 – 22.09)

Вашата немарливост и неодговорност ќе излезе на виделина, а за тоа пријателите може да ви се обратат со неколку критики. Прифатете ги, бидејќи тие ви мислат само добро. Почестете ги со вашето внимание и слушајте што ќе ве советуваат. Поминете го слободното време и празниците со семејството.

Вага (23.09 – 22.10)

Ако сте предмет на критика, односно постои сомнеж за вас дека не сте доволно активни и дека не се ангажирате доволно во рамките на работата, не им забележувајте на оние кои ве критикуваат, наместо тоа од нивната критика извлечете го максимумот. Можна е обнова на соработката со некој Бик или Шкорпија.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Секогаш можете да избирате меѓу две работи. Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Инвентивноста ви помага со леснотија да ги остварите работните обврски. Искористете го организаторскиот талент, ентузијазмот и желбата за големи достигнувања.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес претпоставениот ќе ви предложи нешто што нема да ви се допадне. Внимавајте на реакциите што ги правите и не дозволувајте да се забележи дека сте незадоволни. Кон партнерот се однесувате грубо и воопшто нека не ве чуди ако ви возврати на ист начин. Бидете внимателни со здравјето. Можна е настинка.

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес е можна финансиска добивка поврзана со некој стар проект. Ако сте слободни, можна е средба со еден Стрелец. Ова може да биде одлична можност да се ослободите од минатото и да тргнете напред. Ако сте во брак, се однесувате многу незаинтересирано кон партнерот. Бидете внимателни да не зажалите.

Водолија (21.01 – 19.02)

Сметате дека за секој свој потег морате да имате оправдување и тоа ве тера да барате разни изговори пред претпоставените. Денес завршете ги работите што ви заостанале ако сакате да се ослободите од чувството на немир. Во партнерските односи се однесувате многу ладно и партнерот добива погрешен впечаток.

Риби (20.02 – 20.03)

Не дозволувајте им на колегите да ги знаат вашите тајни. На тој начин лесно ќе ве држат во раце и ќе имаат можност да ве манипулираат. Покрај партнерот чувствувате емотивна сигурност и не дозволувате ништо да го наруши вашиот мир. Ако сте сами, денес ќе убедите една личност да ви даде ветување дека ќе ви се јави. Имате потреба од подолг одмор.

Слични објави

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо
Се вчитува....