18:49 - 7 ноември, 2026

Елтон Џон призна дека оди на состаноци за анонимни алкохоличари повеќе од 30 години

Пејачот Елтон Џон во минатото имал голем проблем со алкохолизмот, но дури и денес оди на состаноци за анонимни алкохоличари. Тоа музичарот го призна гостувајќи во подкастот на Меган Маркл и Принцот Хари.

„Јас сум човек кој закрепнува од алкохол и секоја недела имам состанок со анонимни алкохоличари од својот дом“, изјави музичарот, кој за таа прилика ја користи апликацијата „Zoom“, бидејќи сега е во тек пандемијата на коронавирусот.

„Таму сум поврзан со моите пријатели кои ги познавам повеќе од 30 години низ оваа програма (закрепнување од алкохолизмот) и тоа е одлично“, изјави Џон.

„Да не постоеше апликацијата „Zoom“, не знам што би правеле. Не знам. „Zoom“ ни ги спаси животите“, изјави музичарот кој потврди дека не вкусил алкохол повеќе од 30 години.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....