9.8 C
Скопје
08:25 - 20 април, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 30 ДЕКЕМВРИ: Сѐ што ви е потребно е малку одлучност

дневен хороскоп

Овен

Имајќи го предвид планетарниот аспект, денес ќе бидете полни со оган. По прашање на љубовта, ќе бидете примамливи и речиси неодоливи. Ако некој досега и успевал со итрината да го скрие она што го чувствува кон вас, денес тоа никако нема да успее. Зрачите со харизма и самодоверба на кои никој не може да им одолее.

Бик

Повеќе размислувате каде би ја поминале новогодишната ноќ отколку на финансиите. Денес се одмoрате, а имате доволно пари. Емотивните односи не се премногу добри пред крајот на денот. Веројатно ќе имате гости кои малку ве оптоваруваат со своето присуство во домот.

Близнаци

На деловно поле, нема потреба од загриженост. Имате одлична енергија за работата што ве чека. На емотивно поле, партнерот е воодушевен од вашите креативни импулси со кои зрачите повеќе отколку што сте свесни за вашата сила. Нежноста ја покажувате на посебен начин.

Рак

Бидете добро расположени кон секого. Покажете емпатија кон туѓите проблеми. Не оптоварувајте ги премногу ниту соработниците околу вас, но ниту себеси. На емотивно поле, полни сте со љубовни вибрации кон саканата личност. Денешниот ден ви носи љубов и невидени емоции. Добро се чувствувате во сопствената кожа.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (27.декември – 2.јануари): Што ве чека на новогодишната ноќ и како ќе стапнете во новата година?

Лав

Сѐ што ви е потребно е малку одлучност за да ги надминете препреките и да ѝ пријдете на личноста која ви се допаѓа. Ѕвездите денес ќе ви донесат храброст и волја за да сфатите дека проблемот што го имате, всушност, и не е проблем и дека е потребно многу малку за да бидете среќни. Поентата е во тоа да кажете како се чувствувате.

Девица

Имајќи го предвид денешниот планетарен склоп, нема да имате друга опција освен да донесете конечна одлука по прашање на личноста која ја сметате за неодолива. Таа личност, не само што едвај чека да ѝ пријдете, туку веќе размислува таа да го направи првиот чекор. Бидете вие први кои ќе го направите одлучувачкиот чекор. Небото е на вашата страна.

Вага

Денес ѕвездите ве советуваат да зборувате јасно за своите чувства. Бидете она што сте целосно и до крајот. Не обидувајте се да играте игри. Сѐ што сакате можете да го изразите на културен и смирен начин. Сѐ додека искреноста е меѓу вас, врската ќе ви оди во позитивна насока. Само не избувнувајте за ситници.

Скорпија

Важни промени на работното место. Промените ќе одат во ваша корист. Ќе бидете со бистра глава при донесувањето на одлуката која навистина ќе ви го промени животот. На емотивно поле, картите се во ваши раце, па вие го диктирате односот со вашиот партнер. Можеби ќе дојде до мали конфликти, но брзо ќе ги решите.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП – ДЕКЕМВРИ 2021: Како ќе ја завршите старата година?

Стрелец

Вашата тврдоглавост може да ви донесе штета. Затоа, обидете се сите важни разговори да ги оставите за утре. Добро размислете што вие можете да понудите, за она што го барате за возврат.

Девица

Ќе бидете исклучително спонтани и храбри на некого на кого искрено му се восхитувате тоа да му го ставите до знаење. Наместо своите емоции да ги криете зад ладниот став и однесување, слободно откријте гласно говорејќи за нив. Личноста на која се упатени ќе биде воодушевена.

Јарец

Изнесете на површина сѐ што чувствувате кон својата нова љубов. Таа конечно ќе сфати како се чувствувате, имајќи предвид дека сте главно затворени и повлечени. По овој ден оганот на страста и љубовта помеѓу вас уште повеќе ќе се „запали“. Уживајте еден во друг.

Водолија

Смирениот пристап кон проблемите денес ќе ви зачува важни пријателства. На работното место гледајте на квалитетот и долгорочната исплатливост. Не правете ништо моментално и непрофитабилно. Упорноста во љубовта може да ви донесе тензии. Не избрзувајте. Обидете се малку да забавите во вашиот однос кон партнерот и да не го притискате.

Риби

Мошне добар ден за оние кои имаат некаков контакт со странство. Нови работни можности се отвораат поврзани со странство, а со тоа и поголеми финансии. Во љубовта не е пожелно да се посетувате со семејството или со пријателите денес, бидејќи енергијата ви е на ниско ниво, па може да дојде до некои несогласувања.

Слични објави

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо
Се вчитува....