12.8 C
Скопје
12:22 - 19 април, 2024

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (27.декември – 2.јануари): Што ве чека на новогодишната ноќ и како ќе стапнете во новата година?

Оваа недела планетата Јупитер ќе го напушти знакот Водолија за да влезе во оној на Риби, со што ќе им донесе голема среќа на сите водни знаци и не само ним… А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

4 ЗНАЦИ ОД ЗОДИЈАКОТ ЌЕ СЕ СООЧАТ СО ГОЛЕМИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО 2022 ГОДИНА: Ќе научат важни животни лекции

Овен: добра вест!

Неделата не ви започнува најдобро, со два дена на Месечината во опозиција… Расположението се подобрува почнувајќи од среда. Од недела, конечно, планетата Меркур ќе престане да делува против вас и малку по малку ќе можете да ги решите прашањата што ве загрижуваа во последно време, особено на работното место. Доаѓаат добри вести.

Новогодишната ноќ ќе ја поминете со многу емоции, со активна Месечина која делува во ваша корист!

Бик: моментот што го чекавте!

Конечно дојде моментот што го чекавте: почнувајќи од среда, планетата Јупитер – по долг престој во за вас „непријателскиот“ знак Водолија – ќе влезе во „пријателскиот“ Рибите, најавувајќи многу посреќна 2022 година, особено од професионална гледна точка. Месечината во опозиција во среда и четврток, ќе ви донесе доста нервоза. Среќен ден: недела.

Новогодишната ноќ ќе ја минете во тивко расположение, правејќи си ретроспектива во главата што направивте во годината која минува и во што треба да се подобрите. 

Близнаци: еден неповолен и еден поволен транзит

За жал оваа недела ќе го почувствувате влезот на планетата Јупитер во знакот Риби, неповолен транзит за вашиот знак, кој во текот на 2022 година би можел да ви донесе повеќе пречки на патот кон вашите цели. Затоа ќе мора да работите напорно за да постигнете успех. Добри вести, пак, ве очекуваат почнувајќи од недела, кога планетата Меркур ќе се врати да делува активно во ваша корист, носејќи ви добри вести во наредните недели особено на деловен план.

Новогодишната ноќ че ја поминете со доза на нервоза. 

Рак: да живее Јупитер!

Конечно доаѓаат добри вести за вашиот знак, веќе доволно сте истестирани од опозициите на Сонцето, Венера и Меркур: од среда планетата Јупитер ќе влезе во „пријателскиот“ знак Риби, подготвена да ви даде многу повеќе среќа во 2022 отколку што имавте во оваа тешка 2021. Месечина во опозиција – во недела, за подобро да се соочите со неа, осигурајте си друштво со најблиските.

Новогодишната ноќ ќе ја минете насмеани и во напливи на среќа, а на тоа заблодарете му се на добриот Јупитер!

Лав: одлично закрепнување!

Конечно оваа недела ќе успеете да се ослободите од еден од големите астролошки „камења“ кои ви го комплицираа животот во последната година: почнувајќи од среда, планетата Јупитер повеќе нема да биде во опозиција на вашиот знак! Малку по малку, работите повторно ќе се свртат во нормала и ќе можете полесно да дишете во 2022 година, која нема баш да биде најлесна година, но барем ќе биде во знакот на закрепнувањето. За жал, почнувајќи од недела, планетата Меркур ќе влезе во опозиција и може да настанат некои неочекувани настани на работното место.

Новогодишната ноќ ќе ја поминете со голема доза на олеснување и земање свеж здив. 

КИНЕСКИ ХОРОСКОП ЗА 2022 ГОДИНА: Подгответе се за голема среќа во љубовта, пари и успех

Девица: Јупитер во опозиција

За жал оваа недела планетата Јупитер ќе дојде во опозиција со вашиот знак и ќе остане таму неколку месеци. Среќата нема да биде на ваша страна и затоа ќе мора да донесувате мудри одлуки и да не влегувате во ризични потфати. Среќна Месечина во среда и четврток, а поволната Венера ќе ви помага во областа на чувствата.

Новогодишната ноќ и првиот ден од новата година ќе бидат во знакот на нервозата. 

Вага: на големо!

Вашата недела започнува одлично, со Месечината во знакот во понеделник и вторник! Понатаму, почнувајќи од недела, планетата Меркур повеќе нема да биде во неповолна положба за вашиот знак, туку ќе се врати да делува во ваша корист, носејќи ви добри вести во текот на следните неколку недели.

За новогодишната ноќ и во првиот ден од новата година ќе бидете дефинитивно весели и опуштени, благодарение на прекрасната среќна Месечина.

Скорпија: блокади на патот кон успехот

Следуваат одлични вести за вашиот знак! Почнувајќи од среда, планетата Јупитер ќе влезе во знакот Риби, подготвена да ви приреди навистина светкава 2022 година, во која ќе можете да реализирате подвиг што ви е при срце. Среќата ќе биде на ваша страна. Во меѓувреме, обрнете внимание на негативните влијанија на Меркур, кој – почнувајќи од недела – може да ви донесат некаква блокада или нешто неочекувано на деловен план.

Новогодишната ноќ ќе ја поминете со доза на гламур, дури и ако сте сами. 

Стрелец: Нова година со Месечина во знакот!

Оваа недела планетата Јупитер ќе влезе во за вас „непријателскиот“ знак Риби: овој транзит ќе ве одведе во 2022 година, која нема да биде секогаш лесна, но секако полна со предизвици, во која ќе треба да се борите за да ги постигнете резултатите за кои сонувате. Почнувајќи од недела, планетата Меркур ќе се врати да делува активно во ваша корист, подготвена да ви приреди интересни средби.

Вие сте апсолутни ѕвезди на новогодишната ноќ! Токму во вашиот знак ќе блесне супер среќна Месечина.

ПРОРОШТВА, АСТРО ВИЗИИ И ПРОГНОЗИ ЗА 2022: Од нови вируси до нови будења, недостаток на суровини, пад на ЕУ…

Јарец: големо задоволство!

Транзитот на планетата Јупитер од знакот на Водолија во оној на Риби ќе ви донесе големо задоволство во првиот дел од 2022 година: конечно ќе можете да ги жнеете плодовите од сработеното во последната година. Во понеделник и вторник, Месечината во неповолна положба може да создаде нешто неочекувано што многу ќе ве збуни или разочара. Во денот недела пак, очекувајте ненадејна среќа!

Новогодишната ноќ за вас ќе биде многу романтична. 

Водолија: добредојде, Меркур!

Оваа недела – во недела – планетата Меркур ќе почне активно да работи за вашиот знак: подгответе се бидејќи следните неколку недели ќе бидат полни со интересни и корисни средби и можности кои треба да ги искористите! Активниот Марс ви дава голема дополнителна енергија.

Последниот ден од годината и првиот од новата година ќе бидат многу пријатни денови за вас: всушност, можете да сметате на убава поволна Месечина што ќе направи да се чувствувате сакано и среќно. 

Риби: добредојде, Јупитер!

Дали сте подготвени да ја пречекате планетата  на среќата Јупитер? Долгиот транзит на оваа планета во вашиот знак ќе ја направи 2022 година полна со среќа: секој потфат што ќе го започнете во следните неколку недели ќе биде успешен, а успехот ќе биде – заслужено ваш! Во меѓувреме, уживајте во прекрасната Месечина, подеднакво многу среќна, во среда и четврток.

На последниот ден од годината и првиот ден во новата година, сепак, ќе се чувствувате малку понервозни и уморни.

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 26 ДЕКЕМВРИ: До некои одговори не се доаѓа на лесен или едноставен начин

 

Слични објави

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ јавно ја поддржа мајка си: „И во добро и во зло…“

jasmina.kantardzieva

Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ: Купувал марихуана

еспресо

Астропрогноза за петок, 19 април: За Близнаците нешто ново, за Рибите прилагодување на настаните

еспресо

Како земјотрес: Три хороскопски знаци ги чекаат големи промени на крајот на април

еспресо
Се вчитува....