16.8 C
Скопје
10:41 - 2 мај, 2024

КИНЕСКИ ХОРОСКОП ЗА 2022 ГОДИНА: Подгответе се за голема среќа во љубовта, пари и успех

маче

Многу древни цивилизации биле фасцинирани од небото и ја предвидувале судбината врз основа на она што го кажуваат ѕвездите. Така, Кинезите имаат свој Зодијак во кој знаците се различни од класичната астрологија, а нивната Нова година секогаш се слави помеѓу 21 јануари и 21 февруари.

Новата 2022 година за Кинезите започнува на 1 февруари и ќе биде во знакот на Водениот тигар. Традиционално, годината на Тигарот се случува на секои 12 години.

Тигарот е симбол на непредвидливост и агресивност, но ќе биде ублажен со елементот Вода кој носи нежност и хармонија. Тоа значи дека 2022 година ќе биде динамична и активна, но не и нестабилна. Според кинескиот хороскоп во 2022 година може да очекуваме период на големи промени.

Тигарот е олицетворение на голема енергија и брзина, па како таков може да мотивира да се пуштиме во акција и да смениме многу работи во животот. Можно е некои да направат радикална промена на професионален план, да започнат сопствен бизнис, да дадат отказ или да ја сменат професијата, а можно е да се преселат во странство.

Годината на Водниот Тигар носи можности кои можат да го направат животот поинтензивен и интересен.

Најдете ја годината во која сте родени и видете што ви носи 2022 година

Во кинескиот хороскоп, не заборавајте дека ако сте родени во јануари, односно пред кинеската Нова година, припаѓате на знакот на годината што е пред нас.

Стаорец (родени во 2020, 2008, 1996, 1984, 1972, 1960, 1948 1936, 1924 година)

Луѓето родени во овој знак може да очекуваат помали турбуленции на деловно поле. Пред нив се многу службени патувања кои ќе им донесат нови приходи во текот на целата година. Кинескиот хороскоп ве советува да внимавате да не се опуштите премногу и да се грижите за вашите финансии. Оваа година носи големи можности за љубов, па припадниците на овој хороскопски знак можат да очекуваат големи промени доколку се сами, а оние кои се среќно вљубени ќе уживаат во врската и бракот.

Бивол (родени во 2021, 2009, 1997, 1985, 1973, 1961, 1949, 1937, 1925 година)

Според древниот хороскоп, оваа година ќе им оди од рака на деловните луѓе и љубовниците родени во овој знак. Нема да имаат финансиски проблеми, а сите инвестиции ќе им се удвојат. Совет за луѓето во овој знак е да посветат повеќе внимание на своето здравје во Новата година, да одвојат време за одмор и да бидат со луѓето што ги сакаат.

Тигар (родени во 2022, 2010, 1998, 1986, 1974, 1962, 1950, 1938, 1926 година)

Ова е нивна година. Можностите што им ги носи нема да се повторат до 2036 година, па доколку сте родени во овој знак потрудете се оваа година да ја искористите на најдобар можен начин. На Тигрите им претстои време кога ќе ги постигнат сите свои желби и цели. Ќе имаат љубовен живот исполнет со страст и романса, а на работа ги очекува напредок и значителни финансиски придобивки. Ова е година на добро здравје и големо уживање.

Зајак (родени во 2011, 1999, 1987, 1975, 1963, 1951, 1939, 1927 година)

2022 година им носи многу позитивни промени на припадниците на овој хороскопски знак. Ќе имаат грст добри деловни понуди, добро ќе заработуваат, а ги чека и среќа на љубовно поле. Без разлика што нема да имаат финансиски проблеми, им се советува да штедат. Повеќето ќе бидат во одлична здравствена состојба во наредните години, но оние кои ги игнорираат сигналите што им ги испраќаќ
нивното тело би можеле да имаат проблеми.

Змеј (родени во 2012, 2000, 1988, 1976, 1964, 1952, 1940, 1928 година)

Оваа година Змејовите ги очекуваат позитивни промени во љубовта и многу возбудувања. На работно поле, годината нема да биде добра како на емотивен план, па многумина ќе стагнираат, но има и такви кои ќе ја сменат работата. Припадниците на овој знак ги очекува добро здравје, но главниот совет сепак е да се држите до здравите навики.

Змија (родени во 2013, 2001, 1989, 1977, 1965, 1953, 1941, 1929 година)

Годината на Водениот Тигар на припадниците на овој знак ќе им донесе  материјален напредок и остварување на некои стари желби, како и страсни љубовни врски. Доколку се во брак, 2022 година нема да биде најповолна за нив, бидејќи ќе имаат недоразбирања со партнерот. Што се однесува до работата и кариерата, нема да биде најстабилно. Змиите кои се занимаваат со приватен бизнис ги очекуваат добри понуди кои ќе им ги зголемат приходите, додека оние кои работат во јавниот сектор ќе имаат проблеми. Совет за овој знак е да се грижи за своето здравје и да прави редовни контроли и прегледи.

Коњ (родени во 2014, 2002, 1990, 1978, 1966, 1954, 1942, 1930 година)

Пред припадниците на овој знак е година која им носи многу интересни искуства на љубовното поле. Ова ќе биде добар период за решавање на семејни ситуации. Целиот труд што сте го вложиле во работата ќе ви се исплати и видите резултати. Ова ќе биде година на финансиски просперитет. Совет е да внимавате на здравјето.

Овца (родени во 2015, 2003, 1991, 1979, 1967, 1955, 1943, 1931 година)

Пред вас е година на промени, а какви ќе бидат зависи од тоа колку сте се труделе во претходниот период. Совет е да останете позитивни. Што се однесува до парите, следува стабилен период, а здравјето ќе ви биде на задивно ниво.

Мајмун (родени во 2016, 2004, 1992, 1980, 1968, 1956, 1944, 1932 година)

Најголемите добри промени во годината на Водниот Тигар за припадниците на овој знак доаѓаат на деловно и професионално поле. На љубовен план ги очекува мали турбуленции, додека некои ќе имаат нови и возбудливи настани, за други новите врски би можеле да завршат брзо и неславно. Ѕвездите оваа година ви наумиле добро здравје.

Петел (родени во 2017, 2005, 1993, 1981, 1969, 1957, 1945, 1933 година)

За вас оваа година ќе биде или-или. Некои треба да бидат спремни за неверојатни успеси во бизнисот оваа година, но за други следат и бројни разочарувања. Во која група ќе бидете, зависи од трудот што претходно сте го вложиле во бизнисот, а кога е љубовта во прашање ситуацијата ќе биде стабилна. Петлите по природа не сакаат промени, па сè ќе остане исто. Во второто „полувреме“
ситуацијата ќе биде многу подобра на финансиски план. Ве очекува добро здравје, а советот за сите вас е да се придржувате до здравите навики за да останете такви.

Куче (родени во 2018, 2006, 1994, 1982, 1970, 1958, 1946, 1934 година)

Пред вас е година полна со авантури, особено љубовни. Во професионалниот живот се ќе биде стабилно, нема да има драстични проблеми кога се парите во прашање, па ова ќе биде мирна година. Совет е да се одморате повеќе и да избегнувате физички или психички стрес, бидејќи тоа може да го загрози вашето здравје.

Свиња (родени во 2019, 2007, 1995, 1983, 1971, 1959, 1947, 1935 година)

Оваа година ќе биде особено добра во бизнис план за оние кои се занимаваат со приватен бизнис. Нема да има проблеми со парите, а инвестициите ќе бидат попромислени и поплодни. Совет е да го оставите умот на страна кога е љубовниот живот во прашање и да го слушате своето срце за конечно да остварите убава и долгорочна врска и да најдете мир со саканата личност. Родените во овој знак треба да внимаваат на своето здравје и да прават превентивни прегледи за да избегнат потенцијални проблеми.

Слични објави

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Како скриена камера: Здравко Чолиќ се венчал на 1 мај, еве и како

еспресо

Дарко Лазиќ отворено за интимата: Сакам перверзии, си купив и посебна „играчка“ за возрасни

еспресо

Дожд од пари: Два хороскопски знаци ќе се позлатат во првата половина на мај

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ го покажа станот: Каква луксузна трпеза!

еспресо

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо
Се вчитува....