11.8 C
Скопје
16:16 - 16 октомври, 2026

СЕМЕЈСТВОТО БАЛАШЕВИЌ БАРА: Освен музеј за легендарниот кантавтор, да има и кафуле, продавница за сувенири и 11 соби за туристи

Градското собрание на Нови Сад го прифати планот за реновирање на Универзитетскиот парк на брегот на Дунав, простор на кој, меѓу другото, ќе се наоѓа и музејот посветен на неодамна починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ.

Градските власти одбиле голем број од предлозите на локалните здруженија на граѓани, кои предложиле и алтернативна локација за музејот, додека барањето на семејството Балашевиќ било делумно прифатено. Имено, семејството Балашевиќ барале и кафуле, продавница за сувенири и 11 соби за сместување на туристи.

(ФОТО) ХРАМ НА ЉУБОВТА: Во Нови Сад ќе се гради несекојдневен музеј посветен на Џоле

Музејот ќе се простира на неколку стотици квадратни метри, а предвидено е да содржи галериски простор, мултимедијална сала и други простории, пренесуваат српските портали.

Голем број здруженија доставиле коментари за планот. Друштвото на архитекти од Нови Сад оценило дека паркот, сместен во зелен појас покрај брегот на Дунав, не треба да се гледа како слободен простор за градба, туку музејот треба да најде место во рамки на веќе изграденото ткиво на градот.

Граѓанските и еколошки здружение на Нови Сад изнеле забелешка според која музејот посветен на кантавторот би требал да се наоѓа во Салајка, делот од градот во кој живеел Балашевиќ и кој е најпознат токму по него.

Но, сите приговори биле одбиени, освен барањето на Фондацијата Балашевиќ, која побарала во објектот да се вклучат и кафуле, продавница за сувенири и 11 соби за туристи. Нивното барање било делумно прифатено.

Во меѓувреме се одржала и презентација на идејното решение на музејот на кое присуствувало семејството Балашевиќ, но и градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, кој најавил дека градот Нови Сад целосно ќе ја поддржи изградбата на музејот.

Фотографија од претставувањето на идејното решение објавила и сопругата на Балашевиќ, Оливера, која во таа прилика изјавила:

„Музејот како музеј е нешто што е конечно, а секако дека не конечно, зашто Џорџ е наше минато и наша иднина, а ние сме негова сегашност“.

(ВИДЕО)ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА БАЛАШЕВИЌ: Ќерката Јелена проговори за прошталното писмо на Панонскиот морнар

Слични објави

Сезоната на Скорпијата носи среќа за три хороскопски знаци — некои ги очекуваат пари, а други остварување на голема желба

К.С.

Слоба Радановиќ отворено за неверството што му го промени животот, земјотресот на Хиландар и поддршката од сопругата Јелена

Е.А.

(Фото) „Јас го сакам животот и животот ме сака мене“: Лила Филиповска го прослави 55. роденден покрај море

К.С.

Есенски коктел со јаболко, цимет и карамела — совршен пијалак за студените вечери

К.С.

Тони Цетински се прости од татко му со потресна порака: „Посакувам уште еднаш да те прегрнам“

Еспресо

Огњен Амиџиќ за можниот ангажман на Јована Јеремиќ во „Пинкови ѕвезди“: „Жирито мора да има музички кредибилитет“

Е.А.
Се вчитува....