12.8 C
Скопје
01:11 - 7 мај, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 16 СЕПТЕМВРИ: Пред вас е добар ден за љубов

хороскоп

Овен

Немојте да се нервирате поради работата, туку правете така како што мислите дека е најдобро. На крајот на овој месец некои работи ќе се поместат, работи што досега биле закочени, ограничени, оние поради кои сте биле незадоволни. Комуницирајте со колегите, на тој начин и тие ќе ви помогнат.

Бик

Денес, наместо да летате во облаците и да си замислувате дека сте на седмо небо, вие сѐ засновате на здравиот разум – ова, всушност, ќе ви помогне да ја процените ситуацијата. Потребно е повеќе време да поминувате надвор и да се движите. Можни проблеми со респираторниот систем. Уживајте во времето надвор.

Близнаци

Лесно можете да започнете авантура со личност со која сте деловно поврзани. Конечно ќе препознаете што ви треба. Ако сте во убава врска, не размислувајте за какви било авантури, тие би можеле да завршат лошо. Ако вашата работа е поврзана со странство, ќе склучите добра зделка и ќе ги реализирате вашите планови.

Рак

Во дијалогот со саканата личност имате добра процена, се грижите да го изнесете своето мислење во различни ситуации. Потребни ви се веродостојни информации што ветуваат успешна соработка на различни нивоа или нов деловен профит. Избегнувајте обврски коишто уште повеќе ве изморуваат.

Лав

Денес имате можност да остварите важни контакти со важни луѓе за првпат и да обезбедите подобра позиција за себе. Искористете ја шансата, претставете се во најдоброто светло. Реагирате многу емотивно на зборовите на партнерот и имате впечаток дека саканата личност е многу подоминантна од вас. Тоа е само фаза што минува.

Девица

Барате сигурност покрај личноста што ќе покаже дека, сепак, не е вистинскиот избор на партнер за вас. Ви претстои период што ви носи нови професионални можности. Важно е навреме да ја препознаете својата шанса. Ако сте слободни, некоја личност од кругот на пријатели ќе ви ги признае своите чувства.

Вага

Потрудете се да не манипулирате со чувствата на другите луѓе, некој може да биде многу повреден поради тоа, можеби дури и вие. Ќе имате корист на работа од туѓите инвестиции, а не од парите кои вие ги вложувате во бизнисот. Важно е да бидете во контакт со луѓе од доверба и да ги слушате нивните совети.

Скорпија

Не можете да ги контролирате вашите чувства во средбата со една личност. Јасно и отворено ги искажувате своите намери. Можеби нечија понуда не е „сон за голема добивка“, но најавува поучно искуство. Треба да бидете добро организирани и да ги координирате вашите интереси за да постигнете различни цели.

Стрелец

Ќе се чувствувате многу лошо во деловното опкружување и нема да сте задоволни од околностите во кои се наоѓате. Со саканата личност имате добар однос, среќни сте и исполнети. Пред вас е добар ден за љубов. Многу припадници на знаков доживуваат незаборавни моменти опиени од љубовните моменти.

Јарец

Обидете се да не го покажувате своето незадоволство пред соработниците, бидејќи би можеле да го искористат моментот и да ви ја отежнат ситуацијата. Бидете смирени во сите ситуации, и во добрите и во лошите. Обидете се да посветите повеќе време на саканата личност. Вашата врска може да падне во криза.

Водолија

Денес ќе блескате и ќе се обидете да ја привлечете личноста што ви е симпатична. Ќе настојувате што побргу да преминете од зборови на дела. Без оглед на тоа што можете да сметате на поддршката од колегите, вие и понатаму ќе имате потреба да се докажувате. Тоа е професионализам.

Риби

Денес заборавете на проблемите и парите, посветете ѝ се на љубовта. Една личност од вашата работна средина ќе ви биде наклонета или обратно. Можете да се доверите еден на друг. Ќе делувате на два фронта – оној редовниот и оној што вклучува големи планови за иднината.

Слични објави

Северина: Порно филмот ми го одбележа почетокот на триесеттите, најлошо ми беше како ќе реагираат моите соученици

Еспресо

(Фото) Марко Новески позира со близначињата: „Мојата дупла среќичка“ 

еспресо

(Видео) „Не знам дали е шок за телото, но…“: Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува од патот до Грција

jasmina.kantardzieva

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо
Се вчитува....