8.8 C
Скопје
23:03 - 26 април, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 16 ЈАНУАРИ: Покажете емпатија и разбирање

дневен хороскоп

Овен

Важно е да ги контролирате вашите лоши навики, нема потреба да се истакнувате пред личност која користи различни критериуми од вас. Партнерот има нови замерки за вашето однесување. Не го игнорирајте она што го слушате, размислете за некои ваши маани. Денес обидете се да избегнувате стресни ситуации или луѓе кои ве нервираат.

Бик

Се однесувате како личност која своите деловни и финансиски цели ги става над интересите на мнозинството, поради што ќе наидете на различни реакции и коментари. Можно е партнерот да има повеќе проблеми отколку што мислите. Ставете се на негово место. Покажете емпатија и разбирање на секој можен начин.

Близнаци

Чувствувате мала стагнација или потреба психички да се ослободите од насобраните обврски кои ве заморуваат. Бидете подискретни на средбите со партнерот и добро проценете ги вашите опции, пред да фрлите „емоционална искра“. Потпрете се на вашата интуиција.

Рак

Се грижите да изгледате убаво, духовито или шармантно пред вашето опкружување. Но, некој го карактеризира тоа ваше однесување на погрешен начин. Во средбата со саканата личност се соочувате со проблем на недоразбирање особено кога станува збор за работи кои би требало да бидат ваши заеднички приоритети. Избегнувајте стресни ситуации кои ве вознемируваат.

Лав

Размислувате за промена на одредени правила, потребно ви е ново и поефикасно решение. Нема причина да се истакнувате во друштво на саканата личност. Работите сами ќе си дојдат на свое место, бидете трпеливи. Воведете поздрава исхрана, консумирајте повеќе витамини.

Девица

Внимавајте на различните детали во преговорите, бидејќи работите кои се важни често остануваат скриени помеѓу редови. Вие имате добра волја и емотивна нота, а вашиот партнер има чувство за убаво и корисно. Одлично се надополнувате. Важно е да најдете средина, обидете се да ги усогласите мислите и чувствата.

Вага

Некој околу вас ќе има добри предлози, прифаќањето нови идеи можат да ви донесе подобри резултати или поголема сигурност. Понекогаш вреди да се ризикува. На љубовно поле делувате вознемирено. Ви недостигаат силни емотивни дразби за да го направат вашиот љубовен живот доволно интересен.

Скорпија

Деловните резултати не ги исполнуваат сите ваши очекувања, но соработниците не можат да се пофалат со подобар успех. Имате впечаток дека неправедно страдате поради нечие однесување. Ви недостига трпение при средба со блиска личност. Обрнете внимание на некоја забавна содржина, опуштете се.

Стрелец

Денес ќе имате можност да ги тестирате вашите интелектуални или практични способности, направете сè што е во ваша моќ да оставите добар впечаток. Јасно ви е дека емотивно не можете да добиете сè што сакате, но сепак не знаете да уживате во она што го имате. Прекумерната анксиозност лошо влијае на вашата концентрација.

Јарец

Треба да се ослободите од разни притисоци, не дозволувајте некој да ве уценува. Залудно го криете своето незадоволство, вашите постапки кажуваат доволно за работите или луѓето кои не ви се допаѓаат. Обидете се да акумулирате позитивна енергија.

Водолија

Ваша предност е што соработниците немаат доволно знаење, искуство или храброст да ви се спротивстават. Во љубовта пак, сакале или не, мора да се соочите со личноста која упорно ве прогонува и ве „обвинува“ за разни пропусти. Почестете се со соодветна грижа за себе, поминете го денот во релаксација.

Риби

Доколку сте премногу преокупирани со големи амбиции, обрнете внимание на нечиј коментар за новите деловни можности. Не правете работи што ја иритираат саканата личност. Склони сте на претерување и непотребно предизвикувате нечија огорченост. Денес добро ќе ви дојде некоја спортска активност.

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....