18.8 C
Скопје
01:52 - 27 јули, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15 СЕПТЕМВРИ: Упорноста ќе донесе резултат

хороскоп

Овен

Лесно ќе ги надминувате пречките и тоа ќе ве направи привлечни во туѓите очи. На работното место сте почитувани и ве сакаат. Ќе се фокусирате на задачите кои  ви носат финансиска стабилност. И ќе постигнете голем успех. На емотивно поле ќе бидете среќни како никогаш досега. Ќе уживате во животот.

Бик

Ќе бидете опседнати со наоѓање на вистинската цел во животот. Иако можеби не сакате да го признаете тоа, овие мисли се движат во вашата глава подолго време. Обидете се да не бидете толку оптоварени со тоа. Поради прифаќањето и учењето на такво нешто може да ви помине целиот живот.

Близнаци

На сите очекувања од партнерот ќе одговорите подготвено и на тој начин уште повеќе ќе ја стабилизирате вашата врска. На професионално поле, вашата деловна комуникација денес одлично ќе се одвива. Ќе добивате јасни одговори и поттикнувања. Мали недоразбирања при договарањата. Излезете меѓу луѓе.

Рак

Може да почувствувате силна потреба да се извлечете од сѐ, но каде би отишле? Мачнините што ги чувствувате може да бидат одговор на сите притисоци поради кои страдате. Социјалните барања, работните обврски и семејните потреби можат да ве одведат до точка на пукање. Денес исклучете го телефонот, затворете го компјутерот.

Лав

На емотивно поле, многумина ќе увидат дека се вистински среќници и дека во љубовта им се остваруваат многубројните желби. Чувајте го тоа. На професионално поле, повеќето од вас успешно ќе ја поврзат креативноста, интуицијата, стандардните работи и опуштениот пристап кон нив. Повеќе ќе размислувате.

Девица

Денес ќе имате чувство дека работите се одвиваат многу брзо, па мора повеќе да практикувате активности надвор од работното место. Бидете во близина на луѓе кои ви ја поттикнуваат креативноста. Во љубовта, инстинктите нема да ве прелажат, потпрете се на нив. Одамна се сомневате во чувствата на партнерот.

Вага

Ќе продолжите да се забавувате како да не постојат никакви проблеми. Ќе успеете да избегате од сè и да останете насмеани. На професионално поле, во работните задачи со колегите, ќе откриете инвентивни идеи, кои целата работа ќе ја поместат за чекор понапред. Одличен ден за креативност.

Скорпија

Се чувствувате романтично и страсно. Ако се појави некое несогласување помеѓу вас и саканата личност, сега е вистинско време да го решите тоа. Зошто да не одите со партнерот на романтична вечера? Можеби тоа е она што е потребно за повторно да се разгорат страстите. Ви треба некој поттик во врската.

Стрелец

Денес треба да бидете флексибилни со распоредот, обврските, но и со односот кон саканата личност и пријателите. На работното место не го одбирајте полесниот пат, може да си навлечете бројни непријатности. Во љубовта стремете се кон мир и хармонија по секоја цена. Заборавете на кавгите, љубомората…

Јарец

Понекогаш немате доволно трпение за да одговорите на различни прашања или да ги задоволите бројните барања. Полесно да се справите со ситуации кога имате различни опции отворени за поширок избор и слободно дејство. Кога ќе се сретнете со партнерот, не отстапувајте од своите цели. Упорноста ќе донесе резултат.

Водолија

Добредојдовте назад. Бевте многу зафатени со вашите егзистенцијални проблеми во последно време што заборавивте на сегашноста и она што се случува токму пред вас. Сега сте присебни, можете да уживате во моментот, во својот секојдневен живот и оние мали нешта кој го прават животот поубав. Расположете се!

Риби

Бидете во близина на луѓе оптимисти, бидејќи ви недостасува енергија. На работното место мора да донесете брзи и нагли одлуки, без да барате туѓо мислење. Интуицијата нека ве води. Во љубовта мора да бидете потолерантни. Кој вели дека мора да ги совладувате препреките? Обидете се да најдете начин да ги заобиколите.

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....