16:09 - 12 ноември, 2026

МАСАЖА СО ЕСЕНЦИЈАЛНИ МАСЛА: Пружете му на партнерот извонредно искуство

Емоционалната и психолошка компонента на масажата не е занемарлива. Создавањето на удобност и атмосфера игра голема улога во создавањето на позитивно искуство, па затоа во масажата често се користат разновидни етерични масла. Тие, покрај тоа што овозможуваат полесно движење на прстите по кожата, го иритираат чувството за мирис и го зголемуваат нивото на удобност.

Постојат безброј видови етерични масла што се користат за масажа, и дефинитивно е препорачливо да го користите она што знаете дека ќе му угоди на вашаиот партнер. Меѓутоа, ако не можете да одлучите, имаме три предлози за вас:

Масло од лаванда

Ретки се оние кои остануваат имуни на мирисот на лаванда, кој толку неодоливо потсетува на најомиленото лето, па лавандата е совршен избор за скоро сите. Покрај тоа, одлично е за сува и чувствителна кожа, затоа внимавајте да обрнете внимание доколку тоа е случај и со вашиот партнер.

Масло од нане

Ако на вашиот партнер му треба освежување и пауза од секојдневните обврски, силен мирис од нане може да биде правилниот избор за него. Поради своите антиинфламаторни и антибактериски својства, маслото нема дополнително да ја иритира кожата склона кон иритација.

Масло од сандаловина

Егзотичниот и смирувачки мирис сличен на восок ќе биде совршен за личност која сака нови работи. Несекојдневните својства на ова етерично масло, исто така, можат да ја забрзаат стимулацијата.

Можеби мислите дека имате немате лесен зафат пред вас, или едноставно немате осет да ја масирате другата личност, но не грижете се, никој не е роден масер. Постојат одредени техники кои ќе ги прилагодите само на нивните потреби и желби со помош на личноста која ја масирате. Ако сакате да му дадете релаксирачко и возбудливо искуство на вашиот партнер, дајте ѝ шанса на масажата.

Слични објави

Искуства на пациент од Клиника „Жан Митрев“: 15 години подоцна – животот е најголемото сведоштво

Еспресо

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо
Се вчитува....