16:26 - 16 ноември, 2026

ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ НИ ПРИГОТВИ ЧОКОЛАДЕН ТАРТ: Со секој залак посебна приказна!

25 рецепти за 25.000 илјади вкусни и здрави навики со Cooking with Branko.

Со секој залак, посебна приказна! Уживајте во вкусот на чоколадниот тарт. Споделете радост, насмевки, креирајте моменти и не заборавајте, секоја нова приказна е причина плус да бидеме заедно, советува шеф Бранко Попоски познат како Cooking with Branko.

Потребни состојки за тестото:

– 175 грама путер
– 2 јајца
– 3 лажици кафеав шеќер
– 2 шолји брашно (можете да употребите и бадемово брашно)
– 1 кесичка пециво
– 1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Во голем сад додадете ги путерот, јајцата и шеќерот. Убаво растопете го путерот со рацете и гмечете се додека не се соединат состојките. Во смесата, додадете ги останатите состојки и формирајте тесто. Оставете го да отстои 15 минути, па потоа на претходно загреана релна од 200 степени, печете околу 10 минути.

Потребни состојки за кремот од чоколадо:

– 200гр. темно чоколадо
– 3 лажици кокосово масло
– 2 жолчки
– 2 белки
– 2 лажици какао
– 2 шолји бадемово брашно
– 2 лажици бадемов путер
– 100мл. слатка павлака

Додадете го темното чоколадо и кокосовото масло во сад и топете на пареја. Жолчките и белките изматете ги со миксер. Во оладеното растопено чоколадо додадете ги шолчките, бадемовоѕо брашно, какаото и слатката павлака. Убаво матете со миксер додека не се изедначи смесата . На крај додадете ги белите со лажица и убаво промешајте. Смесата истурете ја врз претходно испечено тесто, и вратете во релна уште 10 до 15 минути додека не се испече кремот и тестото.

Потребни состојки за кремот од ванила
– крем од ванила
– 125мл. бадемово млеко
– прехрамбената зелена боја

Слични објави

(Фото) Нина Сеничар ги воодушеви сите на свеченоста во Лос Анџелес: Српската убавица се појави со сопругот, холивудската ѕвезда Џеј Елис

apostolova

Лила Филиповска: Немам кому да се докажувам, мојот мир ми е поважен од туѓото мислење

Еспресо

(Фото) Српската водителка доби подарок од 19.000 евра: Новото момче го крие од јавноста, а сега со објавата крена прашина 

Еспресо

Неделен хороскоп од 16 до 22 ноември: Страстите се разгоруваат, старите соработки се обновуваат, а некои знаци ги очекуваат изненадувања

Т.Ц.

(Видео) „Не е многу присутен во неговиот живот“ — Миа Костова за односот на Андрија со татко му

К.С.

Се породи Зорана Тасовац, сопругата на Саша Ковачевиќ: Стигна долгоочекуваниот син

E.A.
Се вчитува....