13.8 C
Скопје
02:54 - 30 септември, 2026

(РЕЦЕПТ) ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ШПАНИЈА: Софрито – сосот кој е основа на секое вкусно јадење

Софрито е ароматична комбинација од билки и зачини која се користи за зачинување на бројни јадења, но најчесто се користи како основа на која може да се подготви остатокот од јадењето. Иако во денешно време е претежно поврзан со латиноамериканската и карипската кујна, софрито има шпанско потекло и било донесено во Јужна Америка од шпанските колонисти во доцните 1400-ти.

Името софрито на шпански значи да се пропржи нешто на тивок оган. Се користи уште од средновековни времиња во каталонската кујна, а првото спомнување на оваа техника се наоѓа во „Libre de Sent Soví“, која е една од најстарите европски готвачки книги што датира од 14 век.

Првото софрито се викало софрегит и се состоело само од кромид, праз и солено свинско или сланина. Со текот на времето, во комбинацијата почнаа да се додаваат и други состојки, а денес, шпанското софрито обично вклучува пиперки, лук, домати, кромид, маслиново масло.

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ТУРЦИЈА: „Ѓозлеме“ – бело платно за импровизација со вкусови

Потребни состојки:

  • 4 лажици екстра девствено маслиново масло
  • 1 мал жолт кромид, исечкан на коцки
  • 1 блага, слатка зелена пиперка, исечкана на коцки
  • 3 чешниња лук, исечен ситно
  • 1 конзерва исечени домати (400гр) или 5-6 свежи домати исечени на коцки
  • ½ лажичка црвен пипер
  • ½ лажичка оригано
  • ½ лажичка ким
  • 1 ловоров лист (по избор)

Начин на подготовка:

– Загрејте го маслиновото масло во голема тава на средна температура. Пропржете го кромидот додека не стане проѕирен, околу 7 минути. Додадете ја зелената пиперка и лукот, измешајте да се соединат.

– Додадете ги доматите и зачините во тавата и варете уште 10-15 минути, често мешајќи додека доматите не омекнат и сосот малку не се згусне. Отстранете го ловоровиот лист, доколку го користите, и фрлете го.

– Искористете го веднаш софритото или оставете го целосно да се излади пред да го ставите во тегла(стои до една недела).

На здравје!

ВО МАКЕДОНИЈА КАКО ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Кљукуша – брза и лесна пита што ќе ги засити и најгладните

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....