23.8 C
Скопје
16:06 - 19 октомври, 2026

(РЕЦЕПТ) Фросина од „Фросина“ ни го зготви највкусниот гулаш

Седнуваме на терсата, на отворено. Менито е прилично дебело, но наместо да се мислите што да пробате, прашајте што се јаде денес.

Го дегустиравме во гостилница „Фросина“, а ни го зготви шефот на кујната Фросина Ивановска, која заедно со сопругот Тони, се сопственици на гостилницата.

фото еспресо

Не напразно „Фросина“ е гостилница, а не ресторан – зашто тука секогаш ќе бидете добро нагостени и да не речеме, прејадени. Вгнездена е на улицата „Платник“, на мирна локација, се служи строго домаќинска кујна, а пријатното музиче дозволува човек на раат да се изнамуабети додека ужива во храната. Амбиентот е „како да не си во Скопје“, туку во некоја тосканска „траторија“. А, го знаете она за Италијанците? Кога јадењето е во прашање, прашањето е „дове си манџа бене?“ (каде се јаде добро).  Е, баш тука се јаде добро. Во „Фросина“. Затоа чести гости се странците, ама и уметниците, спортистите и ете, ние, најобичните. Такви се и сопствениците на „Фросина“, најобични мили луѓе кои не се „занесуваат“ и покрај тоа што имаат добра причина за тоа – храната која ја служат.

Седнуваме на терсата, на отворено. Менито е прилично дебело, но наместо да се мислите што да пробате, прашајте што се јаде денес. Така и ние направивме:

-Што се јаде денес?

-Ребро од фурна, полнети пиперки, џигер во марамица, чорби – телешка, шкембе, полнет модар патлиџан, свинското се топи во уста…

И ако одговорот повторно ви изгледа предолг, слободно „перонализирајте“ го прашањето.

-Што да јадам денес?

Така и ние направивме. И добивме гулаш со шпагети. Толку го бендисавме што ја прашавме шефицата за рецептот. А таа пак, несебично го сподели со нас. Ние, со вас.

фото еспресо

ГУЛАШ СО ШПАГЕТИ

Потребни намирници (за 4 лица)

300 гр. шпагети,

1 кг. кромид,

1/2 кг. свински шол,

ловоров лист,

црвен пипер,

црн пипер,

сол по желба.

Подготовка

Го лупиме и ситно го сечкаме кромидот. На малку зејтин во тава, кромидот го пржиме на „тивко“. Кога ќе порумени, го додаваме претходно исечканото месо на коцки. Додаваме филџан вода и оставаме да се „крчка“ и понатаму на ниска температура, околу 1 час.

10 минути пред гулашот да е готов, ги додаваме зачините.

Во меѓувреме, ги подготвуваме шпагетите на вообичаен начин.

Ги сервираме шпагетите во чинија. Врз нив го ставаме гулашот, па по желба декорираме.

фото еспресо

Добар апетит!

Слични објави

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо
Се вчитува....