12.8 C
Скопје
18:07 - 25 април, 2024

РАЗГОВОР СО АЈСАН ЕСАД, oд редот – Витезкињи на поезијата: На државата ѝ требаат активности кои би го заштитиле пишаниот збор!

„Зошто треба да се чита поезија?“ e прашањето кое многу поети низ историјата го одговориле и кое денес мора да се поставува и да се одговара упорно, намерно, темелно.

Во разговор со поетесата Ајсан Есад, чуварка на зборот, и нејзините болно вистинити и искрени размислувања за реалноста во која живееме се замислив за улогата на поезијата во денешното општество, односно за отсуството на истата, и со некоја голема радост си помислив: „Барем, има уште витези на поезијата“.

Ајсан ти милуваш да се наречеш поет во душа а твоите пријатели обожааваат да ги читаат твоите мисли преточени во поезија и проза. Како се роди желбата за пишување?

– Токму така, така се осеќам и често велам дека сум поет по душа, уште повеќе што не можам да се подведам во категоријата на официјални поети или писатели. Од друга страна љубовта кон пишаниот збор, претставува љубов која ја носам најверојатно од раѓање со неизмерна благодарност на судбината која ме создаде како дел од сонцето и месечината, неслучајно случајното значење на моето име. Во мојот поетско прозаичен опус можам да кажам дека имав три периоди на креативен подем.

Првиот е од најраните училишни денови со активно учество на поетски натпревари со прва пишана басна и многу стихови, вториот пред околу триесет години со посета на градот со исклучителна енергија, Конја каде што се наоѓа турбето( гробот ) на големиот мислител, хуманист, поет,мистик и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми кога се случи некој внатрешен клик кој не можам целосно да си го протолкувам но кој ме обогати на посебен начин и дотогашното пишување на Македонски јазик го заменив со пишување на мојот мајчин Турски турски и во сосема различен стил. Последниот или третиот период од пред околу десетина години во кој се стекнав со поетска мудрост и зрелост и период кога сите мои внатрешни превирања ги поставував на хартија и многу плодно се изразував и сè уште се изразувам. Знаете пишувањето значи да се биде сам со себе, да се разговара со себеси. Сите доаѓаме во состојба кога се заситуваме од надворешниот свет, околностите и ако најдеме начин како да ги избалансираме сите тие состојби, преку креативниот внатрешен свет мислите и емоциите навираат како вулканска ерупција.

ајсен есад
фото: приватна архива

– Една изрека вели „кога ќе го стиснеме портокалот, од него ќе излезе само сокот и ништо друго“. Исто така и од нас ќе излезе токму она што сме го негувале во себе со години, а за тоа говорат нашите избори, нашите емоции. Во овој период моите дела со помош на интернетот станаа подостапни за пријателите и пријателите на пријателите. Воедно бев чест член на активностите на Автономно Културно Социјалниот Центар – активистичко и алтернативно уметничко катче каде што се реализираа идеите на млади луѓе и се промовираа вредности за кои беше жеден градот. Посебно за развој на културата меѓу кои и поезијата која го имаше своето место на маргините на општеството. Друг многу битен момент кој ме доизгради како личност и поет и пишувач беа Поетските читања на Астални Проекции создадени од љубов кон поезијата од страна на ентузијастите Ана Голејшка Џикова, Фросина Стојковска и Ѓоко Здравевски. Истите се одржуваа секој вторник во неделата во Менада каде во доста голем број се собираа пишувачи и љубители на поезија и се одржуваа магични вечери за кои беше потребно единствено љубов, светло и тоа загушено..ха ха ха и микрофон. На поетските читања учествуваа и познати поети и поети за кои никогаш никој не чул а аплаузот и воскликот за сите читања можам да кажам дека беше идентичен. Сè уште дел од мојата душа жали за замирањето на овие две култни места кои на градот му дава душа и она што му фалеше.

Што им недостига на поетите денес? Што се има сменето? Порано поетите одеа на двобои, собираа маси, беа почитувани, а денес се на аголот на општеството.

– Живееме во општество каде што се слави и преферира конформизмот, каде што најголем простор завзема политичката сцена а јавниот простор за уметност и култура во која влегува и поезијата сè повеќе е ограничен.

Поетите слободно можам да кажам дека се маргинализирани, првично бидејќи им фали публика, живееме во време каде што поетите буквално се соочуваат со самоодржување и самоизразување. Односно секој на свој начин со свои усилби се бори за своето место под сонцето и многу е тешко да се одржи или живее само од поезија, за разлика од порано дури без да се враќаме во периодот кога поезијата била во својот зародиш и се родени поетите кои имаат оставено свој белег во историјата и времето туку и во нашето нетолку далечно минато на пример како главни уредници во МРТ или весниците Вечер, Бирлик и Нова Македонија…. биле писатели и поети.

фото: приватна архива

– Воедно песимистички делува фактот дека младите не читаат а уште помалкубпоезија. Нивниот живот е сведен на социјалните мрежи а следствено инстант среќа, инстант пријателства се повеќе се одалечуваат од духовните вредности и културата како духовна храна. На градот и државата ѝ требаат активности кои би го заштитиле пишаниот збор. Би ја вратиле свесноста на младите што значи книгата, што значи поезијата. Би го спомнала случајот на Финска, кадешто државата откупува дела што се издадени од поети и писатели и обезбедува истата да биде дел на државните библиотеки а на тој начин истата е достапна на читателите и се промовираат новите писатели. Многу убав начин со кој се дава потсрек за развој на културата, на изразување на писателите. Мора да се најдат начини како да се мотивираат и поетите и читателите. Да не биде се така црно има и една навистина светла точка за која истовремено се радувам и гордеам а тоа е успехот кој настана со долготраен напор и усилби на прекрасни личности и поети, државата официјално да го доби својот прв Скопски Поетски Фестивал.

Имаме уметници но дали има простор за нив по медиумите?

Ќе одговорам слично како и на претходното прашање околностите и поставеноста во општеството се отсликуваат и во оваа сфера само би кажала дека и просторот во медиумите е многу ограничен посебно за „no name“ уметниците. Доколку се работи за уметник со слава тогаш се дава поголема помпезност за настанот врзан со истите а за други настани промоции најчесто има само блиц информации и известувања.

ајсен есад
фото: приватна архива

Како се консумира поезијата денес?

Секое дело има своја публика, поезијата се конзумира најчесто со поетски читања и поетски промоции, а за жал најмалку со купување на книги поезија со што се пропушта можноста истите бидат дел од домашните библиотеки а моментот со јавните библиотеки нема вопшто да го коментирам.

Ајсан ти благодариме на ова интервју, дали би ги почастиле нашите читатели со некое ваше дело.

Јас неизмерно благодарам за просторот во вашиот печат/портал и укажаната чест. Со задоволство ќе подарам дел од мојата душа на читателите преточени во поема и една прозаична творба.

„Погледни во човекот“

Свеќникот го држиме со радост, дека во очи гледаме човек
многу тишина е насобрана зад гласните насмевки,
мислите може да ја прошират Вселената, за неколку милиметри.

Можете ли да живеете живот, κој не е од овој свет?
Црвот во лушпа од оρев
Времето помеѓу стрелките од часовниκот кој не работи
Темнината зад пρевез од светлина
Ветер кој е безбоен за помалκу да боли
Врисок, кој е безгласен за да го задуши во тишина, лажниот во тебе.

фото: приватна архива

„Љубов во Далмација“

Низ кривулестиот пат возилото нечујно се движеше во тој жежок ден. Сонцето беше високо на зенитот а таа од една страна омајена од топлината од друга од фантазиите, радoста не веруваше дека е толку блиску до целта. Пред неа се појави дел од покривот на куќата со зелени ќерамиди. Да токму таа ..куќата од соништата. Сеуште не и беше верно што се случува. Како токму нејзе? Нешто што беше сон со години сега станува реалност. Нешто што беше копнеж и желба со години сега биднуваше сегашност. Ќерамидите беа се поблиску и поблиску. Ќуќата се поголема а зад неа назираше синото небо претпопувајќи се во синилото на морето. Тoа беше призор пред неа или сон.? Радост и трепет го облеа нејзиното срце. Се доближи до неа ја изгасна колата и немо гледајќи само молчеше…да тоа беше куќата од фотографиите, тоа беше куќата која патем прашувајќи ги мештаните стигна до куќата до која ја посочија. По кратко фактографско снимање на истата со од една страна радосни од друга страна претпазливи чекори се доближи до неа. Претпазливо како да држи нежно стакло ја потфати рачката од влезната врата. Нежно галејќи ја, ja потегна пајажината како да се работи за свилен конец. Секој чекор и движење и содржеше љубов, нежност, радост, тага, копнеж….Го премина влезот и се најде во дворот истиот дишеше со смиреност покрај тоа што беше осамена, куќата не беше напуштена. Нејзината баба размислувала за се, па и за секој детаљ. Голема камена куќа со кепенци во сина боја а целата беше обрасната со пузавци, грациозни и нежно романтични. Ја стави раката во ташната и во кадифената торбичка го насети клучот. Цврсто го стегна. Го грабна како да ќе и избега или падне во бунар без дно. Го обвитка со двете раце со преголема љубов. Го зема и постави во бравата, со молитва во себе ја отклучи вратата и зачекори во тремот. Во ноздрвите и удри мирис на старо ама мирис кој будеше носталгија кој содржеше минато. Содржеше воздишки, содржеше љубов….Содржеше радост на средби и тага на разделби.
Беше сведок на долго чувана тајна. Нем сведок на преголема љубов. Преголема ама осудена од светот. Куќа која беше уточиште и мирна оаза на две заљубени души. На два изгубени света. Куќа во која се роди и растеше нејзината мајка. Куќа која сакаше да биде заборавена неприметена а доби толкав публицитет. Си го постави прашањето: Дали баба и да беше жива сега неизмерно ќе се радуваше на нејзиното присуство.? Несомнено е дека Да. Таа како да знаеше, долго и по смрта
не дозволи да изветрее и се заборави љубовта што живееше во неа. Не дозволи да се заборави споменот. Куќата ја одржуваше најмен градинар. Сегде внатре беше чисто и средено, како да пред некој саат некој излегол од неа, а не како да поминале години и години. Погледот го впери до огромниот ѕиден часовник а до неа портер. Портет од нејзината баба. Се запрепасти “зарем е можно толку многу да наликува на неа“. Сега се сети на зборовите на мајка и „ Фала ти фала ти ова
мое чедо во исто време ми ја грее душата со неизмерна љубов ама од друга страна како мелем на душа ми ја надополнува тагата и недостатокот за мојата мајка, како да е пратена од Бога како ангел и самовила“. Впрочем не наликуваше туку беше нејзина верна копија. Па тоа дури беше доволен доказ дека е нејзината единствена наследничка факт кој долги години го оспоруваа и за докажување се правеа илјадници судски докажувања. А таа принцеза на баба, никогаш во животот не ја ни виде својата баба. За жал таа или „прељубничката“ како ја нарекуваа почина во недокажани и недоволно испитани околности едниствено таа ја знаеше вистината. Ама неќеше да ги буди демоните на минатото. Сакаше во куќата да го врати животот. Да ја оживее љубовта. Да оживее една љубов родена во виорот на војната. Најпосебна ама забранета. Забранета ама со најубав плод – нејзината мајка. Доста си рече – нема потреба да се враќа назад. Минатото треба да остане назад колку и да било болно, било и најпосебно овековечено со една прекрасна љубовна приказна а таа впрочем секогаш сакаше да има нешто на море. Не ни насетуваше дека од ладната Аљаска каде што живееше некогаш ќе дојде да живее во топлата Далмација. Помина низ тремот и големниот приемен дел и продолжи до задниот дел куќата и низ задниот излез се појави во дворот. Замалку
остана без здив од призорот. Пред неа од височината се простираше неизмерната морска шир. Синило и бескрај поглед од кој човек занемува. Седна на столицата и немо гледаше пред себе. Свати во што наоѓала нејзината баба спокој. Каде ги фрлаала сите свои таги и молку само дишеше. Го пиеше подгледот кој и ги ширеше ноздрвите. Со измешани чувства реши. Тука ќе го помине остатокот на својот живот. За спомен на својата баба. За љубовта во воздухот. За радоста на баба и која ја демне негде одозгора. За среќата на животот што растеше во нејзината утроба.

Слични објави

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо

Откриени детали од судењето на Гоца Тржан и Маја Николиќ: Пејачката е подготвена за војна со инфлуенсерката

jasmina.kantardzieva

(Фото) Мина го покажа лицето на синот што го доби со Амиџиќ: Тој е плод на најголемата љубов што сум ја почувствувала во животот

Еспресо

(Видео) Вељко го исполни ветувањето: Расплакана Цеца му шепна емотивни реченици на синот по мечот

Еспресо
Се вчитува....