11.8 C
Скопје
17:29 - 21 април, 2026

(Видео) Холандската соул дива Шерон Ковач доаѓа во Скопје

Една од најголемите сензации на холандската музичка сцена, Шерон Ковач, првпат доаѓа во Скопје во рамки на концертниот серијал Musicology Sessions, на кој ќе одржи концерт во МКЦ, на 27 септември од 21 часот.

За оваа пејачка позната по хитот „Љубов моја“ (My Love), за кој беше снимен и спот со Метју Меконахи и Скарлет Јохансон, некои критичари велат дека е пејачка со темен и сиров вокал, во кој можат да се насетат влијанијата на Били Холидеј, Нина Симон и Ејми Вајнхаус.

Нејзиниот сингл „Љубов моја“ беше инстант хит во Европа, а деби албумот „Нијанси на црно“  од 2015 година беше меѓу десетте најпродавани во Германија и на прво место во Холандија.

Позната како пејачката со избричена глава, оваа музичарка и кантавторка во себе крие глас на една вистинска соул-легенда, која ја привлече публиката пред сè со својата единственост и искрен став.

Во текот на првото ковид-затворање, Ковач престојуваше во Португалија, работејќи на нова музика, инспирирана од оваа земја. Нејзиниот нов сингл „Тути фрути текила“ иако звучи фанки и весело, има моќна порака за цедење на емоциите, ресетирањето, паузирањето и заборавањето на сè, за момент.

Не се плаши да ги допре и светлите и темните аспекти на модерните врски, во своите песни всушност дава исповед за дивата љубов и нездравите романтични односи, хедонизмот и зависноста, за сè што ја следи низ емотивниот ролеркостер, кој го преживеала последните неколку години, губејќи ги и музичките и романтичните партнери, правејќи ново Ковач-семејство со продуцентот Лиам Хау.

Претходните два албуми „Shades of Black“ и „Cheap Smell“, како и познатите синглови „My Love“, „The Devil You Know“, „You Again“ и многу други, се признати од Роби Вилијамс, и се по модел на Холидеј, Симон, Баси, Вајнхаус, Бет Гибонс (Портисхед)…

По 60 милиони прегледи на јутјуб, голем број награди и настапи на големи фестивали, пејачката е на вистински пат да стане жива легенда на светската музичка сцена.

Нејзиниот втор албум, „Cheap Smell“, именуван по бендот во кој настапуваше пред да стане позната, се смета за еден од најискрените и најинспиративните фјучр-соул албуми на целата деценија.

Ковач непрестанато бара и успева да најде позитивност во најмрачните човечки животи.

Билети може да купите на билетарницата МКЦ или оnline.

Слични објави

(Фото) Малкумина знаат како изгледал таткото на Северина: Името го добила по него, а сите коментираат исто кога ја објави фотографијата

Еспресо

Мисица почина на 31 година, никој не можеше да ја претскаже оваа трагедија

Еспресо

„Децата знаеја пред мене“: Харис Џиновиќ си ја отвори душата за разводот од Мелина

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска и Рубин вљубени како тинејџери, споделија нов момент на среќа

Еспресо

Љубовта меѓу Тигар и Јеремиќ пред олтар? Тој ѝ испрати силна порака на Јована: „Бог нè спои“

Еспресо

Северина слави 54 години – Роденденската забава започна уште за викендот, вечерва продолжува „на најсилно“

Е.А.
Се вчитува....