22:30 - 7 ноември, 2026

Тројца загинати и 11 повредени во железничка несреќа во Хрватска

Хрватските медиуми јавуваат за голема несреќа на патнички воз кој удрил во товарен воз на пругата кај Новска (Окучани) во Хрватска, град на околу еден километри југоисточно од Загреб.

Според последните информации од хрватското МВР, во несреќата животот го загубиле три лица, меѓу кои машиновозачот и кондуктерот од патничкиот воз. Повредени се 11 лица, меѓу кои, неофицијално, седум биле странски државјани од Иран.

Патничкиот воз удрил во товарниот кој бил расипан на пругата.

Спасувачките екипи се на терен. Меѓу загинатите, според првичните информации се машиновозач и кондуктер од патничкиот воз. Наводно возот се движел со 100 км/ час.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ доцна синоќа го посети местото на несреќата од каде потврди дека се повредени неколку странски државјани. Хоспитализираните лица се во добра состојба.

 

Слични објави

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....