20.2 C
Скопје
23:11 - 10 јули, 2026

Вучиќ: Имам во семејството геј и многу соработници хомосексуалци, тоа не е никакво зло

Да мислев дека Ана Брнабиќ е зло, немаше да биде таму каде што е. Имам жена во моето пошироко семејство која е геј и никогаш не би ја менувал за ништо друго, мислам дека тоа не е никакво зло, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ кој најави дека Министерството за внатрешни работи „во согласност со Уставот и законите“ ќе донесе одлука за ЛГБТ настанот Европрајд, 96 часа пред планираниот собир.

На прес-конференцијата по седницата на Советот за национална безбедност, Вучиќ рече дека државата „нема да измислува глупости“ за да го забрани настанот поради епидемијата на мајмунски сипаници.

– Нема да си играме и да се исмеваме со нашите граѓани, да ги понижуваме луѓето кои се наши деца, наши браќа и сестри, но никогаш нема да ја разберам неверојатната неодговорност на оние кои, од една речиси неважна тема, или тема која е важно само за еден дел од општеството, направи крстоносна војна, рече Вучиќ.

Тој повтори дека безбедносната ситуација е „тешка“ и дека државата не сака да дојде до судири.

– Можно е да има големи немири во кои нашата сила би требало да биде поголема, а ние сакаме да го избегнеме тоа, рече Вучиќ.

Зборувајќи за најавите за собир на противниците на Еуропрајд, Вучиќ рече дека „иронично им се заблагодарува на сите херои“ кои, како што рече, не чекаат на премините кон Косово туку „во парковите да ги нападнат оние што се различни од нив. “.

– Да не зборувам колку е неморално да си даваме право да шетаме каде и кога сакаме, а да го браниме тоа на една група, како да не се наши граѓани, рече Вучиќ.

Одговарајќи на прашање за позицијата на СПЦ кон претстојната Европрајд, Вучиќ рече дека ја смета СПЦ за сериозна институција, но го изрази и своето мислење за проблемите на населението со хомосексуална ориентација во Србија.

„Многу од моите соработници се хомосексуалци и ми помагаат толку многу што не можам да ви раскажам. Дали ми се допаѓаат тие паради? Не, никогаш не сум отишол и не би одел, мислам дека не е поентата во тоа.Да ме прашаа за совет, ќе им кажев да се занимаваат со прашања за посети на партнерите во болница, наследство, а не да се занимаваат со паради. Тие избраа да парадираат, тоа им беше поважно. А таа жена која ми е роднина, не би ја дал за сите што би ја претепале“, изјави Вучиќ.

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ позираше во тесни хеланки и кратка маичка – пејачката ослабе, се пофали со својата трансформација

Еспресо

(Фото) Ена Чолиќ во жешко издание – позираше во минијатурно бикини на плажите во Грција

Еспресо

(Фото) „Те сакаме бескрајно“: Ана Севиќ и Дарко Лазиќ го прославуваат роденденот на ќерката Лорена

Еспресо

Ретка приказна за Кире Костов објавена три години по неговото заминување

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ по 7 месеци се огласи од Шпанија: Цврсто ја прегрнал сопругата, па испрати порака што збуни многумина

Еспресо

Совршен подарок: Мали уметнички дела од восок – креации што го разубавуваат секој простор

Еспресо
Се вчитува....