00:09 - 20 август, 2026

ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ „ЖИВИ ФЕСТ“: МНТ продолжува да ги освојува наградите во регионот

Од МНТ со задоволство ја објавија веста за освоените 4 награди на театарскиот фестивал „Живи фест“ во Босна и Херцеговина за претставата „Нема да биде крај на светот“ од авторот Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ.

Со едногласната одлука на жирито во состав: Владо Керошевиќ – актер, Љиљана Чекиќ – актерка и Алмир Башовиќ – драмски писател, претставата освои: специјалната награда за режија е доделена на Нина Николиќ, наградата за најдобра актерка ја доби Дарја Ризова, наградата за најдобар актер оди во рацете на Саша Ханџиќ и специјалната награда за актерска игра ја освои Џана Џаниќ.
фото кредит, МНТ
Засновајќи ја својата режија првенствено на посветената работа со актерите, Нина Николиќ не потсети на степенот до кој театарот е синтеза на различни елементи, но во своите најдобри моменти тоа главно се базира на способноста да остане првенствено актерска уметност.
Дарја Ризова демонстрира големи актерски способности засновани на суптилни актерски средства, покажувајќи дека актерската уметност која води до убедлив сценски свет е многу способна да ги надмине јазичните бариери.
Играјќи ја својата улога на два јазика, босански и македонски, Саша Ханџиќ покажува голема способност за актерска трансформација на сцената, како и големо мајсторство на актерските средства, кое пред се се заснова на чувството за мерка.
Џенана Џаниќ со својата улога и изборот на актери успеа да постигне висок степен на сценска уверливост, нудејќи ни можност да се поистоветиме со светот на претставата, притоа убедувајќи нè дека стилската редукција понекогаш е доказ дека „уметноста може да биде повеќе“.
фото кредит, МНТ
 „Нема да биде крај на светот“ првата премиерна изведба ја имаше на 18 септември во Сараевски ратни театар – САРТР, Сараево, а скопската премиера во Македонскиот народен театар се очекува кон крајот на ноември.
Претставата е во продукција на Перипетија продукција – Скопје во копродукција со Македонскиот народен театар и Сараевскиот ратни театар – САРТР.

Слични објави

(Видео) „Пукна тиквата“: Девојката му раскина на Душко Тошиќ поради роденденот на Јелена Карлеуша

Еспресо

(Фото) „Кога ќе се спојат две „берби ’63“: Дарио сподели интересна приказна со Игор Џамбазов

Еспресо

(Фото) Сопругата на Биковиќ и ќерката на Чолиќ уживаа во ноќно излегување – се појавија во атрактивни модни комбинации

Еспресо

(Фото) Посебен ден во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Мајка му објави досега невидена фотографија од него

Еспресо

(Фото+видео) Евче покажа како си поминала на концертот на Кети Пери и Луис Капалди

Еспресо

(Фото) Вратете ја природата во домот со уникатниот мебел на Wood Room

Еспресо
Се вчитува....