15.8 C
Скопје
19:59 - 19 октомври, 2026

Првата дама во битка против родовиот јаз и дискриминација – трудот на жените не се вреднува!

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“, што денеска се одржа во Кабинетот на претседателот.

Според Ѓоргиевска, досегашните анализи на националните, регионалните и на глобалните состојби упатуваат на една загрижувачка тенденција – и покрај напредокот во степенот на образованието на жените, на нивното работно искуство и стручност, сè уште нема рамноправна валоризација на трудот на жените. Причините за оваа дискрепанција меѓу декларативното и фактичкото во однос на примањата, според Ѓоргиевска, се многубројни, структурни и честопати гравитираат околу родово-базираната дискриминација, со која се соочуваат многу жени и во македонското општество.

„Принципот на еднакво вреднување за еднаква работа е еден од најстарите принципи на Европската Унија. Оттука, проблемот со нееднаквата заработка не е само економско и политичко, туку и прашања на правичност. Имено, еднаквото достоинство меѓу мажите и жените подразбира и правична валоризација на нивниот вложен труд. Жените што се еднакво третирани се многу помотивирани да вложуваат во личниот и кариерниот развој и со тоа да придонесуваат кон колективниот напредок на целото општество“, рече Ѓоргиевска.

За да се затвори родовиот јаз и да се намали нееднаквоста на жените во економската сфера, додаде првата дама, ги поддржуваме мерките за економско јакнење на жените, за женско претприемаштво, за праведно и достоинствено вреднување на работата. А со тоа ќе придонесеме кон постигнувањето родова еднаквост“, рече Ѓоргиевска.

Главна цел на конференцијата, што се одржа под покровителство на сопругата на претседателот, а во организација на Центарот за управување со промените (ЦУП) и Алијансата за родова еднаквост (ГЕА), е да се поттикне прашањето за родовиот јаз во платите, да се анализираат состојбите, трендовите и да се пренесе важна порака за значењето на надминувањето на родовиот јаз во платите како дел од комплексниот процес на унапредување на родовата рамноправност.

Обраќања на настанот имаа и Нина Ангеловска, претседателка на ГЕА, и Неда Малеска-Сачмароска, извршна директорка на ЦУП.

Слични објави

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо
Се вчитува....