17.8 C
Скопје
09:55 - 30 септември, 2026

Маск е подготвен на напади од администрацијата на Бајден: „Јасно е дека ноќта го следи денот“

Новиот сопственик на социјалната мрежа Твитер, претприемачот Илон Маск, изјави дека треба да се подготви за напади од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, левичарските политичари и медиумите откако реши да го деблокира профилот на Твитер на поранешниот шеф на Белата куќа Доналд Трамп.

Милијардерот одговори на објавата на еден од корисниците на социјалната мрежа дека треба да биде подготвен „за зголемување на нападите и одмаздата“.

„Јасно е дека ноќта го следи денот“, напиша Маск.

Претходно, Доналд Трамп изјави дека не е заинтересиран да се врати на Твитер, одговарајќи дека компанијата во моментов има „многу проблеми“.

Твитер профилот на поранешниот американски претседател беше деблокиран на 19 ноември. Ваква одлука донеле учесниците на анкетата, која ја спроведе сопственикот на социјалната мрежа Илон Маск. Само седум часа по укинувањето на забраната за профилот на Трамп, бројот на следбеници на Доналд Трамп на социјалните мрежи се зголеми на 25 милиони.

Верификуваниот профил на Трамп беше „замрзнат“ на 8 јануари 2021 година, два дена откако приврзаниците на поранешниот претседател упаднаа во Капитол во обид да го спречат одобрувањето на американскиот Конгрес за претседателските избори на претставникот на Демократската партија Џо Бајден.

Слични објави

(Фото) Вистинска домаќинка – Ѓина Џиновиќ се пофали со своите вештини во кујната

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 септември: Намалете ги работните обврски, одмарајте повеќе

apostolova

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо
Се вчитува....