13:13 - 9 ноември, 2026

(Видео) Ситније Брено ситније: Вака Лепа Брена го слави Св. Архангел Михаил, со сармички и песна

Пејачката Лепа Брена денеска со семејството го слави Архангеловдан.

Секоја година во домот на фолк дивата овој посебен ден се подготвува со големо внимание и задолжително се прават сармички.

Пејачката по серијата концерти се врати во Србија и ги засука ракавите. Познато е дека кујната е место каде што сака да престојува целото нејзино домаќинство, особено нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ, кој е голем гурман, известуваат српските медиуми.

Синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ објави видео од подготовките пред слава, а пејачката танцуваше со готвачот додека ја подготвуваше сармата.

Интересен податок е тоа што Брена, според тамошните медиуми, одамна преминала од ислам во православие и ги слави сите христијански празници, а Архангеловдан и е од особено значење.

Слични објави

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.
Се вчитува....