19:09 - 7 ноември, 2026

Во Македонија како во Андалузија: Рецепт за оригинално Гаспачо

гаспачо

Оваа шпанска ладна супа е совршена за летните денови. Главната состојка на супата е доматот кој треба да биде совршено зрел и сочен. Ако немате квалитетни домати при рака, ве советуваме да не ни го почнувате рецептот.

Потребни состојки:

– 1 кг зрел домат
– 50 гр кромид
– 1,2 чешниња лук
– 100 гр краставица
– 50 грама зелена пиперка
– 100 мл маслиново масло
– 30 мл оцет
– околу 150 мл вода
– 1 лажица сол (или по вкус)
– крутони – по желба

Подготовка:

1. Зеленчукот се чисти и се сече на парчиња. Се издвојува една четвртина домат, пиперка, краставица и кромид.

2. Остатокот се става во блендер или мулти-практик. Може да се направи и со силен рачен миксер. Истурете внатре маслиново масло, вода, оцет и сол. Мелете сè за да достигне што е можно подобра конзистентност(околу 3-4 минути).

3. Ако имате моќен електричен апарат, гаспачо треба да биде целосно подготвено за конзумирање, но ако не сте успеале да постигнете нежна и фина конзистентност, не заборавајте да го обработите, да ги отстраните остатоците од кожата или семето од домати.

4. Оставете во фрижидер 2 часа за добро да се излади.

Пред сервирање, исечете ги одделените парчиња зеленчук на мали коцки. Зачинете ги со малку сол, маслиново масло и оцет. Посипете ги и крутони во секоја порција или сервирајте одделно во чинии на масата, така што секој става колку што сака.

Ако сакате, можете да ставите две или три коцки мраз во секоја порција. Не претерувајте со мраз, бидејќи супата  се разредува.

Слични објави

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....