22.8 C
Скопје
18:01 - 19 октомври, 2026

Вкусен и сочен колач со гриз, круши и карамела

Колач кој ќе му се допадне на целото семејство..

 

Потребно ви е:

 

– 3 јајца

 

– 200 гр шеќер + 100 гр

 

– 1 лажица рендано чоколадо

 

– 100 гр гриз

 

– 100 гр брашно

 

– 1 прашок за печиво

 

– 50 мл масло

 

– 4-5 крушки

 

– коцка маргарин

 

– шака сецкани ореви

 

– рум шеќер 1 кесичка

 

 

Подготовка: Изматете ги јајцата со 100 гр шеќер, додадете го чоколадото, гризот, брашното со прашокот за печиво, маслото и се добро промешајте. Во помало тенџерче истопете 200 гр шеќер да се претвори во карамел, па додадете го маргаринот и добро промешајте додека не се соединат.

 

Земете плех кој ќе го обложите со хартија за печење и сипете го карамелот. Крушките исчистете ги и пресечете ги на половина и извадете ги семките. Наредете ги на карамелата завртени надолу. Меѓу додадете уште малку овошје (по избор) и наросете со шака крупно сецкани ореви. Одозгора ставете го тестото и распоредете го.

 

Печете на 190 степени околу 35-40 минути. Посипете со рум или премачкајте со изматен шлаг.

 

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....